 | Име: Елизабета Презиме: Канческа -Милевска Дата на раѓање: 30.06.1970 во Велес, Република Македонија |
Образование: - 1989 Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошки смер. - 1993-та година, дипломира на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, група социологија. - 2005-та, магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема ,,Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ,, и се здобива со звање магистер по ,,Европски студии за интеграција и комуникации,,. РАБОТНО ИСКУСТВО: Од 1992-1998 год, работи во приватна фирма, извоз-увоз, во областа на економско правни работи и како менаџер; Во 1998 год, се вработува во Министерството за култура како Шеф на кабинет на министерот за култура проф. д-р Димитар Димитров; Во 1999 год, е именувана за советник на министерот за култура г-дин Љубен Пауновски; Во 2000год, е именувана за државен секретар во Министерството за култура Во периодот на работењето во Министерството за култура покрај организационо функционалниот ангажман и следењето на сите состојби во културата, активно е вклучена во сите проекти од национален интерес за културата и во реализирање на голем број капитални зафати во соработка со Светска банка, Фаре програмата и.т.н. Активно учествува во донесувањето на Националната програма за култура, во осмислувањето и дефинирањето на Културната политика, во донесувањето на многу законски и подзаконски акти, во интензивната меѓународна соработка и многу други активности кои позитивно се одразуваа врз континуитетот, квантитетот и врз квалитетот на културниот живот во РМ, во тој период; Во 2002 год, се вработува во Агенцијата за државни службеници како Раководител на одделението за европска интеграција; Од страна на Агенцијата за државни службеници се здобива со цертификат за обучувач од областа на историскиот развој на ЕУ, институционалната поставеност и правните принципи, при што активно учествува во реализација на обуките организирани за државните службеници во РМ; Во 2004 год, се вработува во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ; Во 2005 год, се вработува на Европскиот универзитет – Скопје, избрана за асистент по предметите; Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ; Активен член на Извршниот одбор на Невладината организација Европско движење на РМ; По локалните избори од листата на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за советник во Советот на Општина Кисела Вода, а подоцна е назначена и за заменик градоначалник во Општината. Од 2006 до 2008 година е на функцијата државен секретар за култура во Министерството за култура на Република Македонија. Од јули 2008 година е министер за култура во Владата на Република Македонија. Контакт со кабинетот на министерот: Тел: (02) 3240 555 Факс: (02) 3226 920 |