|
В сабота во Центарот за култура
„Григор Прличев“ Фестивалот ќе биде отворен со „Клуб Бус Паладиум“ во режија на
Кристофер Томсон, а фестивалот ќе биде затворен со „Врапчето ми
кажа“ на режисерот Паскал Тома, кој годинава е добитник на „Златна маска“ за
животно дело и ќе биде почесен
гостин на фестивалот.
Најавено е присуството на
актерите Изабел Паско, Лио, Артур Дипон, режисерите Ан Ле Ни, Натан Милер,
Жером Бонел и Симон Лелуш (син на Клод Лелуш). На „Езерските средби“ тие ќе се сретнат со
македонски продуценти, што ќе биде можност за македонско-француски партнерства
и копродукции. За отворањето на
фестивалот во Охрид ќе допатува и Ален Туре, потпретседател на регионот Долна
Нормандија, кој пред два месеца беше домаќин на фестивалот „Балканска пролет“ -
годинава посветен на Македонија.
- Ова трето издание на
Фестивалот на францускиот филм е од особено значење за македонската
кинематогафија и е можност да се постават цврсти темели за идна соработка меѓу
францускиот и македонскот
филм, да се отвораат можности за размена на уметници, продуценти, режисери,
размена на искуства со земја која претставува лидер во европската
кинематографија - рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на
прес-конференцијата по повод фестивалот.
Ивршниот директор на фестивалот
Зоран Велјановски очекува голем интерес и за ова издание. Тој информираше дека
лани имало меѓу 7.000 и 9.000 посетители и оти за секоја проекција имало над 90
отсто исполнетост на киносалата во Центарот „Григор Прличев“ која има 630
места.
|