|
На седницата присуствуваа
членовите на Советот за култура, како и
в.д. директорот на „Вардар филм“ Румен Ќамилов, директорот на Филмскиот фонд
Дарко Башевски и директорката на Кинотеката на Македонија, Мими Ѓорговска-Илиевска. Актуелната состојба
во „Вардар филм“ беше согледана од сите аспекти. Членовите на Советот за
култура истакнаа дека е потребно да се поддржи опстојувањето на оваа национална
установа која долги години ја претставуваше македонската кинематографија на
филмските фестивалски сцени низ целиот свет. Тие се согласија дека „Вардар
филм“ и понатаму треба да дејствува како национална институција, која би се
трансформирала во „филмска техничка база“. Исто така, беше подвлечено дека
треба дополнително да се утврдат моделот и условите за работа на институцијата.
Министерството за култура ќе ја
информира Владата на Република Македонија за согледувањата на Советот за
култура во врска со состојбата во „Вардар филм“ со предлог-мерки за санирање и
натамошно опстојување како „филмска техничка база“. Предлог-мерките ќе значат
спроведување на комплетна финансиска
ревизија, стручна експертиза од надворешни соработници за реалната состојба на
ресурсите со кои располага
институцијата, а Министерството за
култура да разработи план,
динамика и модел на трансформација на „Вардар филм“ и да ги спроведе
насоките.
Седницата на Советот за култура
е продолжение на претходната, одржана на крајот од минатиот месец, а на која
беа анализирани актуелната состојба и стратегиските насоки за идниот развој на
аудиовизуелната / кинематографската дејност во Република Македонија.
|