|
„Почна театарската магија. Во следните седум дена ќе имаме
размена на креативна енергија меѓу актерите и публиката, продолжува традицијата
да се живее и да се дише со театарот“. Со овие зборови, вчера заменик
-министерот за култура Драган Недељковиќ, на сцената во Домот на културата во
Прилеп, го прогласи за отворено 45. издание на театарскиот фестивал Војдан
Чернодрински.
Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани 11
претстави во конкуренција за награди, шест во придружниот дел и три тематски
трибини за актуелни состојби во македонскиот театар. Фестивалот беше отворен со
претставата „Тупаница полна со љубов“ од Дејан Дуковски, во режија на Санди Лопичиќ, а во изведба на МНТ од Скопје.
Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, им ги врачи наградите за
животно дело на актерите Ратка Чоревска, Чедо Христов и Мите Грозданов.
Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ на
отворањето на 45. фестивалско издание нагласи дека Министерството за култура ја
дава безрезервно поддршката на Фестивалот кој претставува белег на
препознавањето на културата во Македонија.
|