Навигација

Актуелно
КОНКУРСИ
>>>

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА ОТКУП НА САМОСТОЈНО РЕАЛИЗИРАНА ПРОДУКЦИЈА-МАЈ2010 ГОДИНА
>>>


>>>


>>>

ОБРАЌАЊА
>>>

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ЗА 2011 ГОДИНА
>>>

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА” ВО 2010 ГОДИНА
>>>

„ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ ВО 35 ОПШТИНИ НИЗ РЕПУБЛИКАТА
>>>

ПРОМОЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
>>>



Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61
1000 Скопје
Тел: (02) 3240 600, 3240 551,
3240 523, 3240 500
Факс: (02) 3240 561, 3226 920

E-mail: info@kultura.gov.mk
www.kultura.gov.mk
2010-04-03
На Македонија и претстојат бројни манифестации за промоција

На позиција државен секретар за култура сте од јануари годинава. Кои се вашите планови и активности што ќе ги преземете во наредниот период за подобрување на културната политика во Македонија?

Дарко СтефановскиВо реализацијата на програмата на Министерството за култура на Република Македонија  многу јасно се препознава рамнотежата меѓу заштитата, развојот и промоцијата на  културниот идентитет и интегритет на нашата држава, како и заштитата, развојот и промоцијата на актуелниот  културен и творечки мозаик. Нашата цел е  конечно оформување на модел со кој ќе се овозможи препознавање, признавање и континуирано развивање на македонската култура во сите нејзини сегменти и нијанси. Едноставно, создавање на продуктивна клима во која ќе се овозможи творечко и економски рентабилно остварување на културните проекти, како и адаптација на легислативата и фаќање чекор со актуелните културно продукциски текови на Европската Унија, притоа незаборавајќи да продолжиме да ги негуваме националните вредности и традиционалната уметност и култура. Моите заложби како Државен секретар во Министерството за култура се да придонесам во насока на остварување на оваа мисија. Можам да кажам дека интензивно работиме на реализацијата на годишната програма на Министерството и на многу капитални проекти.  Дел од нив веќе се завршени, а останатите  ќе бидат промовирани во наредниот период. Тука се секако Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, музејскиот комплекс на  Македонската борба за државност и самостојност, Стариот театар, Концертната сала за Македонската филхармонија, а годинава се планира да започне и изградбата на Турскиот театар. Морам да истакнам дека релизацијата на овие проекти изискува навистина голема посветеност и енергија, но и неопходно знаење и искуство. Во таа смисла би сакал да потенцирам дека да се работи под водство на човек како што е М-р Елизабета Канческа-Милевска е пред се исклучителна можноста да се работи со врвен професионалец кој во секое време несебично го става на располагање своето знаење и искуство и човек од кој може многу да се научи.

Сметам дека е многу важно континуирано да продолжиме да вложуваме во инфраструрни, капитални проекти, бидејќи несомнено, тоа е во интерес на сите нас, но и на генерациите по нас.

 

Неодамна се вративте од официјалната посета на Талин, Естонија. Дали се познати македонски уметници кои ќе ја претстават македонската култура на манифестацијата која ќе се случи следната година во Талин?

 

Пред се би сакал без двоумење да оценам дека е извонредно значајно што културата на Република Македонија ќе добие можност да биде презантирана на манифестацијата „Талин - престолнина на културата за 2011“, со што индиректно истата ќе се презентира и пред целата европска културна публика.

Во рамките на мојата официјална посета на Естонија, остварив исклучително корисна средба со Државниот секретар во Министерството за култура на Естонија, г-ѓа Анели Реима, со која покрај тоа што ги нотиравме добрите билатерални односи помеѓу нашите држави, двајцата се заложивме за понатамошно продлабочување и развивање на културната соработка, како помеѓу двете министерства, така и дирекно меѓу институциите кои непосредно ја практицираат културата. При посетата на Талин остварив средба и со г-дин Јанус Рохума, Директор на одделот за концепирање на програмата на манифестацијата „Талин – престолнина на културата 2011“, од кого добив јасна поддршка околу промоцијата на содржините преку кои Република Македонија најавтентично ќе ја прикаже својата богатата култура и традиција. Министерството за култура навистина внимателно пристапи кон подготовката и дизајнирањето на програмата со која ќе се претставиме во Талин. Во неа се грижевме подеднакво да дадеме простор на новата урбана македонска уметност, но да оставиме и место за презентација на националните белези, традицијата и се она што не прави посебни и единствени. Проектите кои ги предложивме се од повеќе дејности, музичко сценската, драмската, ликовната и останатите дејност, но во моментов сеуште не би ги откривал деталите бидејќи тие ќе бидат предмет на договорот кој  до почетокот на летото ќе го потпишеме со естонската страна. На крајот од нашиот престој успеавме да посетиме и неколку потенцијални локации за реализација на дел од програмата, како што се градското собрание, градскиот плоштад, европскиот музеј за 2008 година „Куму“, повеќе катедрални цркви и други слични локации.

Би сакал само да додадам дека со Република Естонија во период кој следи не очекуваат мошне значајни активности преку кои естонскиот и македонскиот народ подобро ќе се запознаат и ќе ги продлабочат своите културни релации.

Посетата на Талин ни овозможи да добиеме и исклучително корисни информации околу естонското искуство во користењето на европските фондови, поле на кое во идниов период планираме да посветиме големо внимание и енергија, а за кое воедно сметаме дека претставува одлична можност за дополнителен развој на културата во нашата земја.

 

Кои манифестации и претстојат на Македонија за презентирање на македонската култура во светот?

 

Можам да кажам дека годинава не очекува мошне интензивна промоција на македонската култура во повеќе земји во Европа и во светот. Предвидена е реализација на повеќе комплексни манифестации за афирмација на националната култура во земјите од регионот и пошироко.

Овде би го издвоил претставувањето на македонската култура на манифестацијата „Балканска пролет“ во Долна Нормандија, Франција, кое ќе се реализира од 31 март до 28 мај годинава. Станува збор за манифестација на која секоја година, една од балканските земји има чест да ја презентира својата култура. Годинава таа чест ја има токму  Република Македонија. Во Долна Нормандија македонската култура ќе биде презентирана преку интересен избор од повеќе области, и тоа: музика, литература, театар, ликовна уметност, современ танц, филм и занаетчиство. Предвидени се настапи на групата „Љубојна“, етно-составот „Баклава“,  Ансамблот за народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“, а со своја изведба ќе се претстават и Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, предводен од диригентот Сашо Татарчевски, како и Есма Реџепова, која ќе настапи заедно со оркестарот „Теодосиевски“. Дополнително ќе реализираме и изложба посветена на творештвото на браќата Манаки, изложба на фотографии на Милчо Манчевски, избор од енолошката збирка на Завод музеј Битола итн.

Оваа година Република Македонија со богата културна програма ќе се претстави и во Истамбул, кој во 2010 година е прогласен за  европска престолнина на културата. Разноликата програма ќе биде подвлечена со настап на Кирил Џајковски и неговиот бенд, концерт на групата Фолтин, настап на Театарот за деца и младинци со претставата „Македонска приказна“ и изложбата на Музејот за современа уметност, насловена како „Идентитети“.

Се разбира, дека остануваме на определбата и оваа година да реализираме комплексна манифестација Денови на македонската култура во странство. Меѓународната соработка е извонредно значаен дел од работата на Министерството за култура и е одговорност која не дозволува никакви импровизации. За среќа овој сегмент во министерствоото го координираат луѓе кои се вистински професионалци, со големо искуство во оваа област.

Назад
Invest in Macedonia
Влада / Government
Претседател на Република Македонија
Собрание / Parliament
.
Верска конференција, Охрид 2010
Ревитализација на Старата скопска чаршија
Спомен куќа на Мајка Тереза
Култура во Македонија / Culture in Macedonia
Услуги / Public Services
Анкетирај се!
Explore
SPInfo
Управа за заштита на културното наследство / Cultural Protection Heritage Office
УНЕСКО / UNESCO
Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер / Commission for protection of the right to free access to public information
Франкофонија / Francophonie
Македонска Филхармонија
Tanec
Национална Галерија на Македонија
Македонска опера и балет / Macedonian opera and ballet
sep.gov.mk
Археолошки локалитет Тумба Маџари
macedonia-timeless
Ohridsko Leto
МАВ
© Copyright 2008 - Министерство за култура на Република Македонија, сите права се задржани.