Почитуван претседател на Република
Македонија, г. Ѓорѓе
Иванов,
Почитуван претседател на Собранието на
Република Македонија,
г. Трајко Вељановски,
Почитувани претставници на
Владата на Република Македонија,
Почитувани пратеници,
Почитувани екселенции,
Почитувани претставници на
НУ „Охридско лето“,
Почитувани уметници,
Почитувани гости,
Античкиот
театар во Охрид вечерва сведочи за уште еден подвиг на уметничката историја и
културната традиција на најреномираната
интернационална манифестација во Република Македонија.Вечерва
го одбележуваме 50-годишното постоење на„Охридско
лето“, синонимот кој самиот по себе ја загуби
временската
основна категорија на кованица од зборови и, едноставно,
насекаде во светот стана морфолошки, но и
онтолошки симбол за фестивалот на музиката, танцот и театарските претстави,
најмоќниот
дипломатски бард на Република Македонија. Чувствувам неизмерна чест изадоволство што
вечерва имам можност да ги поздравам сите оние што вградија дел од себе во овој
фестивал, давајќи му љубов и долготрајност; сите
автори, сите врвни репродуктивни уметници од Македонија и од светоткои низ
своите творечки катарзи овозможија синтеза на
традицијата и современоста, класичното и модерното; му
даруваа на „Охридско лето“ разновидност ипостојаност,
насоченост кон себе и отвореност кон надвор; ги
позиционираа Охрид и Република Македонија во духовна, но и
материјална
трансверзала, синопсис на сегашноста со
минатото; создадоа стамена градба во срцето на
Балканот која трајно
е определена како
простор посветен на прогресот и космополитскиот дух на уметноста.
Обединувајќи ги
убавината на музиката и танцот,визуелните импресии и пораките
на сценскиот говор, во изминатите педесет години„Охридско
лето“ ги
озвучи, ги оживеа и ги надгради монументалните
дела на човековиот духматеријализирани во древниот Охрид: катедралната
црква „Света Софија”, Античкиот театар, Самуиловата тврдина,
величествениот Плаошник, сите извонредни споменици на богатото културно
наследство што го поседуваме и на кое сме особено горди како Македонци. Одекот на креациите на плејадата музичари и
актери, оперски и театарски куќи и понудија на публиката виртуозен уметнички израз,
интензивен
континуитет на
творечка и репродуктивна енергија која најголемите медијатори -
уметниците, од сите светски меридијани, ја разменија на
просторот на нашата држава, која стана атрактивна културна итуристичка
дестинација.
Честитајќи го
јубилејот на оваа нашанајпрестижна манифестација со интернационален
предзнак, во името на Владата на Република Македонија и на Министерството
за култура сакам да порачам дека ќе продолжиме интензивно да вложуваме воразвојот на „Охридско лето“,ќе продолжиме да инвестираме во
нејзиниот град-домаќин Охрид и во промоцијана
богатото културно наследство на нашата држава.
Дозволете ми на
крајот да посакам
заеднички да го продолжиме ова патување
низ земјата на чудата, каде што сите ги
разбираат сите
бидејќи зборуваат на најуниверзалниот јазик на светот - „уметноста“.
Блескавите
моменти на иднината на „Охридско лето “сèуште се пред
нас....