Почитуван
г. Жан–Клод Шлумберже, амбасадор на Република Франција во Република Македонија,
Почитуван
г. Александар Петрески, градоначалник на Охрид,
Почитуван
г. Јордан Плевнеш, копретседател наФестивалот на францускиот филм,
Почитуван
Макс Азуле, копретседател на Фестивалот,
Почитуван
Ив Боасе, почесен претседател на фестивалот,
Почитувани
селектори г. Антонио Митриќевски и г. Бранислав Лечиќ,
Почитуван
г. Зоран Велјановски, извршен директор на Фестивалот,
Почитувани
гости,
Секоја година со почетокот на
летото овде во Охрид градот кој со големи букви е обележан на културната мапа
на Република Македонија, се создава охридската филмска сцена која има
импресивен тригодишен биланс: над 50француски и европски имиња дојдоа во овој митски град под заштита на
УНЕСКО кој како што рече првиот почесен добитник на Златната маска за животно
дело, оскаровецот Клод Лелуш: „ сам по себе е филмска сценографија“.
Република Македонија и Охрид, но
и нашите соседи од Југоисточна Европа, со Фестивалот на францускиот филм се
здобија со културен настан „парекселанс“, културен празник што го поврзува
францускиот филм со македонската и со балканската кинематографија. Француската
кинематографија, како најмоќна во Европа, веќе три години се претставува во
Република Македонија со избор од француските играни и кратки филмови, а воедно
се презентираат и филмови на младите македонски синеасти.
Почитувани,
Министерството за култура и
Владата на Република Македонија, заедно со Амбасадата на Франција во нашата
земја, Домот на културата во Охрид и сите други партнери, придонесоаФестивалот на францускиот филм да стане
атракција не само за македонската публика, туку и за присуството на Македонија
на француските медиуми.
Сакам да подвлечам дека на
неодамнешната средба на министрите за култура на Македонија и на Франција беше
договорено оваа традиција да продолжи и во иднина, но истовремено како
реципроцитет да се организира и еден филмски настан во Париз на кој ќе бидат
презентирани македонски филмови, но и филмови од другите балкански земји.
По оваа успешна недела во која
многубројната публика уживашево
најновите остварувања на француската кинематографија, дозволете ми да ги
поздравам сите творци, француски продуценти кои, заедно со продуцентите од Македонија
и од регионот, ќе продолжат со Езерските среќавања кои веќе ги дадоа првите
резултати во европско - балканскотокопродуцирање.
Во оваа пригода сакам да го
поздравам Паскал Тома и неговото фасцинантно филмско дело кое ги допре срцата
на македонската публика. Покрај Лелуш и Азнавур, Паскал Тома годинава е
добитник на Златната маска за животно дело и затоа од оваа вечер го чувствуваме
како иден голем пријател на Охрид и на Македонија. Би сакал да истакнам дека
токму париското списание „Археологија“ напиша на насловната страна дека пронаоѓањето
на златната маска од македонскиоте археолози е значајно за Европа како што е
Тутанкамон за модерниот свет. Затоа на сите лауреати кои ја понесоа Златната
маска им посакувам одлична иднина, бидејќи како што се слеани минатото,
сегашноста и иднината на филмското платно и вие ќе понесете дел од светското
културно наследство на Охрид и Република Македонија во вашите срца.