Соопштенија

Покрената е постапка за измени на Законот за вработените за правата од работен однос во културата

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 12.06.2018 година донесе заклучок со кој го задолжи Министерството за култура во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на 2018 година да достават предлози за регулирање  на правата од работен однос во областа на културата ...

Повеќе...

Është ngritur procedure për ndryshime në ligjin për punojës në sektorin publik

Qeveria e Republikës së Maqedonisë, në mbledhjen e mbajtur më 12.06.2018 solli pëfundim me të cilin e ngarkoi Ministrinë e Kulturës që, në bashkëpunim me Ministrinë e Shoqërisë Informative dhe Administratë, deri në fund të vitit 2018 të dorëzojnë propozime për rregullimin e të drejtave të punës në fushën e kulturës ...

Повеќе...

С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЦРТ-ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2019 ГОДИНА

Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата ...

Повеќе...

KOMUNIKATË PËR INSTITUCIONET NACIONALE NGA SFERA E KULTURËS PËR DORËZIMIN E DRAFT-PROGRAMIT VJETOR PËR VITIN 2019

Në bazë të nenit 70 të Ligjit për kulturën („Gazeta zyrtare e Republikës Maqedonisë” nr. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 dhe 11/18), institucionet nacionale në qershor të vitit vijues e dorëzojnë në Ministrinë e Kulturës draft-programin vjetor për punën e institucionit për vitin e ardhshëm ...

Повеќе...

365 дена во културата: Ослободување на институциите, отворени крупни реформи, значајни успеси во заштитата на јазикот, наследството, негување на различностите и меѓународната соработка

Во периодот јуни 2017 – јуни 2018, Министерството за култура спроведе голем број активности за реализирање на програмата на новата Влада на Република Македонија и на Министерството со која се овозможува правичност, диверзитет и силна поддршка за уметниците и културните работници, поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до неа за сите граѓани. Од 365 покрупни позитивни мерки издвоени од Владата на Република Македонија за овој едногодишен период, над 40 или речиси 15 % се резултат на работата на Министерството за култура и соработката со други државни органи и институции...

Повеќе...

Продолжување на рокот за аплицирање за Повикот за предлог - проекти: Програма за партиципација на УНЕСКО за 2018 – 2019 година

Во врска со Повикот за предлог - проекти за Програмата за партиципација на УНЕСКО ( 2018 – 2019 година), Министерството за култура на Република Македонија - Националната комисија за УНЕСКО ја известува јавноста дека рокот за доставување на предлог проекти до Министерство за култура - Национална комисија е продолжен до 2 јули 2018 година. 

http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3753--2018-2019


Термини за консултациии со Комисијата за полагање испит за лектор по македонски јазик

Министерството за култура ги информира заинтересираните кандидати за полагање на испитот за лектор дека имаат можност, во јуни и во август 2018 година, да одржат консултации со членовите на Комисијата за полагање испит за лектор по македонски јазик...

Повеќе...

Одлука за спроведување на Стратегиска оцена за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027 година)

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека донесе Одлука за започнување на Стратегиската оценка за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027 година)...

Повеќе...

Министрите на надзорна расправа за Охрид и УНЕСКО во Собранието, спречено губење на заштитениот статус, интензивни акции за подобрување на состојбите

Денеска на седница на собраниската Комисија за култура, се одржа првата надзорна расправа за Законот за управување на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на приодното и културното наследство, на која реферираа највисоките претставници на надлежните министерства и институции, и на Градот Охрид. Констатирано е дека со активностите за спроведување на препораките на Комитетот на УНЕСКО од Краков се елиминира опасноста од губење на статусот на заштитено светско наследство на Охрид, а се преземаат голем број на конкретни дејствија за спречување на досегашната негрижа и хаос, унапредување на животната средина, како и развој на инфраструктурата и економијата на регионот во согласност со стандардите на светската организација...

Повеќе...

Нови директори во неколку национални установи од областа на културата

Министерството за култура ја известува јавноста дека по завршување на постапката по јавните конкурси, министерот за култура именуваше 6 нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата...

Повеќе...

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia

rss соопштенија