Соопштенија

365 дена во културата: Ослободување на институциите, отворени крупни реформи, значајни успеси во заштитата на јазикот, наследството, негување на различностите и меѓународната соработка

Во периодот јуни 2017 – јуни 2018, Министерството за култура спроведе голем број активности за реализирање на програмата на новата Влада на Република Македонија и на Министерството со која се овозможува правичност, диверзитет и силна поддршка за уметниците и културните работници, поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до неа за сите граѓани. Од 365 покрупни позитивни мерки издвоени од Владата на Република Македонија за овој едногодишен период, над 40 или речиси 15 % се резултат на работата на Министерството за култура и соработката со други државни органи и институции...

Повеќе...

Продолжување на рокот за аплицирање за Повикот за предлог - проекти: Програма за партиципација на УНЕСКО за 2018 – 2019 година

Во врска со Повикот за предлог - проекти за Програмата за партиципација на УНЕСКО ( 2018 – 2019 година), Министерството за култура на Република Македонија - Националната комисија за УНЕСКО ја известува јавноста дека рокот за доставување на предлог проекти до Министерство за култура - Национална комисија е продолжен до 2 јули 2018 година. 

http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3753--2018-2019


Термини за консултациии со Комисијата за полагање испит за лектор по македонски јазик

Министерството за култура ги информира заинтересираните кандидати за полагање на испитот за лектор дека имаат можност, во јуни и во август 2018 година, да одржат консултации со членовите на Комисијата за полагање испит за лектор по македонски јазик...

Повеќе...

Одлука за спроведување на Стратегиска оцена за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027 година)

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека донесе Одлука за започнување на Стратегиската оценка за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027 година)...

Повеќе...

Министрите на надзорна расправа за Охрид и УНЕСКО во Собранието, спречено губење на заштитениот статус, интензивни акции за подобрување на состојбите

Денеска на седница на собраниската Комисија за култура, се одржа првата надзорна расправа за Законот за управување на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на приодното и културното наследство, на која реферираа највисоките претставници на надлежните министерства и институции, и на Градот Охрид. Констатирано е дека со активностите за спроведување на препораките на Комитетот на УНЕСКО од Краков се елиминира опасноста од губење на статусот на заштитено светско наследство на Охрид, а се преземаат голем број на конкретни дејствија за спречување на досегашната негрижа и хаос, унапредување на животната средина, како и развој на инфраструктурата и економијата на регионот во согласност со стандардите на светската организација...

Повеќе...

Нови директори во неколку национални установи од областа на културата

Министерството за култура ја известува јавноста дека по завршување на постапката по јавните конкурси, министерот за култура именуваше 6 нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата...

Повеќе...

Министерството за култура побара објавување на демант за лажна вест во „Курир“

Во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Министерството за култура побара од редакцијата на порталот „Курир“ да објави исправка / демант на лажната вест дека министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски не присуствувал на денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Р.М...

redba_tanc_fest_sobaniska_pauza_26_april_2018_naslovna

Повеќе...

Започнува полагањето на лекторскиот испит по македонски јазик, пријавување од 1 до 10 мај

Советот за македонски јазик и Министерството за култура на Република Македонија ја известуваат јавноста дека сите заинтересирани за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца по македонски јазик ќе може да се пријават за полагање на испитот од 1 до 10 мај 2018 година...

Повеќе...

Јубилејно 30. издание на Саемот на книга од 3 до 9 мај , бесплатен влез за организирани ученички посети

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека од 3. до 9. мај 2018, Скопски саем, под покровителство на Mинистерството за култура, ќе го одржи 30. издание на Саемот на книга. Саемот ќе се одржи на нова локација во – ВИП Арена Борис Трајковски, а учество ќе земат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот...

Повеќе...

Oдложeна јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура ја известува јавноста дека ја одложува јавната расправа за измените и дополнувањата на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, која беше закажана за 12 април 2018 во 12 часот. Министерството за култура дополнително ќе извести за новиот термин за одржување на јавната расправа.

Повеќе...

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia

rss соопштенија