Соопштенија

Назначен в.д директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид

Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен актерот Стрезо Стаматовски.

Повеќе...

Министертвото за култура назначи в.д. директор на Драмски театар

Министерството за култура донесе решение за разрешување на Роберт Вељановски од функцијата директор на Националната установа Драмски театар  - Скопје. За вршител на должноста директор на НУ Драмски театар е назначен актерот Сашо Тасевски, член на ансамблот на Драмски театар.

Повеќе...

Реакција на невистинитите наводи на г-ѓа Весела Честоева, поранешна директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, изнесени на гостувањето на ТВ Нова

Министерството за култура на Република Македонија во целост ги демантира невистините изнесени на гостувањето на ТВ Нова на 22.07.2017 од страна на г-ѓа Весела Честоева, претходен директор на Националната установа Археолошки музеј на Македонија - Скопје.

Повеќе...

Известување за јавноста за одлуки за разрешување на директори во национални установи на културата

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денеска донесе решение за разрешување на директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на  НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ. Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска - Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар Комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска - Ристов.    

Повеќе...

Информативна сесија за „Проекти за литературни преводи“

_

Овој настан е еден од редовните кои ние ги организираме особено пред и за време на повиците за аплицирање за одредени категории во случајот литературни преводи бидејќи крајниот рок е 25 јули ...

Повеќе...

Објавена програмата на 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Velestovo_1

И оваа година покровители на манифестацијата се Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид и Комерцијална банка ...

Повеќе...

Информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“

Kreativna_Evropa

За време на настанот ќе бидат претставени македонското и унгарското искуство и успеси во категоријата „Проекти за литературни преводи“ на програмата ,,Креативна Европа на ЕУ“ ...

Повеќе...

Со концерт на „Форплеј“ почнува „Охридско лето“

Ohridsko_leto

Охрид од денеска до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои ќе имаат можност да уживаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки ...

Повеќе...

Со џез-квартетот „Форплеј“ утре почнува „Охридско лето“

Ogridsko_leto_1

Охрид  од утре до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот, ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки ...

Повеќе...

Реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен прекин на проектот за реконструкција на Центарот за култура „Глигор Прличев“ - Охрид

Министерството за култура остро реагира на изнесените невистини од страна на пратеникот Крсте Јовановски и ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на 10.07.2017, дека министерот Алаѓозовски ги прекинал и ги поништил постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и за осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид,  при што пратеникот Јовановски тврди дека веќе бил обезбеден буџет, дека било избрано идејно решение и фирма проектант за изработка на потребната проектна документација, по што би се започнало со градежните активности за реконструкцијата на објектот.

Имено, лага е дека за овој објект бил обезбеден буџет и дека била завршена постапката за избор на проектант. Всушност, токму за тоа идејно решение бил распишан тендер за избор на проектант, а поради промени во буџетот, односно несоодветно испланирани финансии за реализација, врз основа на член 169 став 1 алинеја 5 од Законот за јавни набавки, министерот за култура одлучи да ја поништи оваа постапка. Од изнесените наводи, точно е само тоа дека досега било избрано само идејното решение за новиот изглед на Центарот за култура. 

Министерството за култура веќе ја анализира документацијата за проектот, по што ќе следува избор на проектант преку јавен тендер, подготовка на проектната документација, постапка за избор на изведувач, како и сите понатамошни процедури во согласност со закон.

Министерството за култура ја уверува јавноста дека реконструкцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ нема да запре. Напротив, охриѓани ќе добијат модерен објект, достоен за овој град, а не уште една градба, со која би се нарушила архитектноската хармонија на Охрид и статусот на заштитен град од страна на УНЕСКО, и би продолжила праксата на недомаќинско, нетранспарентно, коруптивно и криминално трошење на парите на граѓаните. Охрид е град со пребогата историја, кој заслужува центар за култура што ќе се вклопи во неговата преубава и светски позната архитектура, а не уште едно скапо, грдо и нефункционално здание, со кое безмилосно ќе се трошат и злоупотребуваат буџетските средства. 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia

rss соопштенија