Соопштенија

Конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 ќе биде повторен, се поништува поради пропусти во постапката

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Конкурсот за откуп на класични композиции за 2017, објавен на 06.04.2017 година, во весниците „Нова Македонија“ и „Лајм“, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување. Министерството за култура ќе го повтори овој конкурс, а на него ќе имаат право да учествуваат и апликантите од поништениот конкурс. Министерството за култура ќе поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, со цел да се утврди одговорноста за направените пропусти. 

Повеќе...

Работна група на Министерството за култура влезе во „Музејот на ВМРО“, започна преиспитувањето на оправданоста

Министерството за култура ја известува јавноста дека работната група формирана за  преиспитување на  општествената и стручната оправданост на постоењето на  НУ ”Музеј на  македонската борба за државност и самостојност“ - “Музеј на ВМРО” и “Музеј на жртвите од комунистичкиот режим” и формално започна со својата работа, го одржа својот прв работен состанок и го изврши првиот директен увид во објектот...

Повеќе...

Став на Министерството за култура за реакцијата на Движењето Беса за огласи за вработување во Министерството

Во врска со реакцијата на Движењето Беса по објавувањето на огласот за прием на двајца државни службеници во Министерството за култура со број 10/2018 односно за прием на еден помошник - раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник - раководител во секторот за културно наследство,  а во која оваа политичка партија обвинува за наводна етничка дискриминација, Министерството за култура се оградува од овие тврдења како неточни и неосновани.
Имено, се работи за оглас кој се подготвува според постапка што е спроведена во согласност со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор, односно членот 5 кој ја опишува методологијата за планирање на нови вработувања и член 20а став 2 и 6, како и член 20 б став 6. Пред подготвување на Годишниот план за вработување, во Министерството за информатичко општество и администрација  има алатка наречена балансер, во која се внесуваат податоци за бројот на вработените по правична застапеност и самиот балансер врз основа на внесените податоци за нови вработувања го пресметува процентот.  Овие податоци потоа се доставуваат и до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.   Исто така, во Агенцијата за администрација има посебно Упатство како да се достави барање за оглас за вработување, каде што мора да се наведе од која национална припадност се врши вработувањето. 
Овие закони и постапки беа донесени за време на претходната власт. 
За жал, сегашното законско решение и методологија ги форматира потребите за вработувања на начин кој го истакнува принципот на правична етничка застапеност и во самиот оглас. Министерството за култура ги поддржува заложбите на реформа на легислативата која ќе биде во функција на остварување на  уставните принципи на еднаквост на сите граѓани на Република Македонија.
Според податоците, во овие сектори на Министерството за култура е постигната соодветна правична застапеност на албанската заедница. Воедно, би сакале да посочиме дека што се однесува до застапеноста на Албанците и нивната култура во политиките на оваа Влада, токму новата Влада и раководство на Министерството за култура ја прекинаа долгогодишната пракса на запоставување на културните потреби на оваа а и на другите немнозински заедници.  По долги години користење на културата за создавање на поделби и нееднаков третман на различните заедници во културата, во Буџетот на РМ  за културата во 2018 година се надминати многу од тие пречки и застои, како на пример со застојот во изградбата на Албанскиот театар во Скопје и Театарот и Библиотеката во Тетово, или за просториите и квалитетна програма на Музејот на албанската азбука во Битола, инвестираме во поправка на покривите и основната инфраструктура во објектите на културата, како и за достоинствени програми на институциите и многу проекти на уметниците и културните работници од немнозинските заедници.

Изјава на Министерството за култура по прес - конференцијата на Синдикатот за култура на Република Македонија

Свесни сме за проблемот што подолг период е присутен во националните установи од областа на културата, а се однесува на донесување на систематизации и издавање на решенија на вработените во културата според прописите за јавна администрација и измените на Законот за култура од 2014 година.  Имено, со овие прописи, уметниците и стручните кадри во културата (конзерватори, кустоси, библиотекари, филмолози...) се стекнаа со статус „даватели на услуги“, од што им произлезе и сличен третман на правата и обврските како за јавните службеници. Уште тогаш ова решение наиде на револт кај вработените во културата, за што ги поддржува и СКРМ и, многу од вработените одбија да примат решенија како „даватели на услуги“.

Бидејќи Законот мора да се спроведува, а решенијата за работни места и евиденцијата на вработените во културата треба да се заврши согласно законските прописи, ние сме подготвени да изнајдеме решение што ќе биде во согласност со законските прописи и ќе го заштити дигнитетот на вработените во културата.  Предложивме да се употребува терминот „носител на дејност“ наместо „давател на услуги“,  како времено, техничко решение за издавање на решенијата и нивно евидентирање во електронскиот систем на МИОА. Понатаму, преку измените на прописите за јавна администрација и култура што следуваат, ова прашање ќе се регулира соодветно.

МИОА е подготвено да понуди стручна помош на националните установи за изработка на систематизациите, онаму каде што не се направени. Во оваа насока, МИОА предложи можно решение - да се направат измени и стручните звања да бидат евидентирани како развојна компонента на едно работно место (на пример, конзерватор – виш конзерватор – советник конзерватор). Со овие насоки, ќе се завршат обврските во установите, а МИОА ќе може да ги евидентира сите вработени во културата кои примаат плати од Буџетот на РМ и се дел од јавниот сектор. 

Проблемот за стручните звања има и фискални импликации, за што ќе треба да се обезбедат и средства преку Министерството за финансии. Откога ќе се завршат претходните активности и ќе се добијат точни податоци за вработените од националните установи, Министерството за култура ќе може да се обрати до Министерството за финансии за надминување на проблемот со стручните звања, кои вработените во културата ги стекнуваат согласно Законот за култура, но тие сега не се соодветно вреднувани во платите. МИОА предвидува измени во Законот во 2019 година, со што ова прашање ќе се реши трајно во интерес на културните работници.

Министерството за култура ќе создаде услови за континуитет на Саемот на книгата

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека нема да дозволи изумирање на читателската култура и ќе им помогне на издавачите и љубителите на книгата.

Саемот за книга годинава ќе се одржи во Спортскиот центар  „Борис Трајковски“, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата.

Министерството за култура во наредните денови ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за поконретните аспекти на организирање на Саемот и обезбедување на потребната поддршка.

Додека не се премости проблемот со обезбедување на саемски простор во градот, Министерството ќе продолжи да создава услови во континуитет, за оваа значајна манифестација да продолжи да се одржува, да се развива и да ги задоволува културните потреби на нашите граѓани.

Започна заедничка акција на Владата, Министерството за култура, Градот Скопје и Општина Бутел за заштита и развој на локалитетот на Скопскиот акведукт

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на Скопскиот акведукт, каде деновиве започна интензивна активност за уредување на локацијата и заштита и конзервација на овој монументален историски објект...

Повеќе...

Извештај за напредокот во спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

Извештајот беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та  седница, одржана на 13 февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година ...

Повеќе...

Владата ја усвои Стратегијата и Акцискиот план за културата: Година на темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата 2018-22 и Акцискиот план, со кои и практично го отвораме процесот на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Република Македонија...

Повеќе...

Соопштение на Министерството за култура за резултатите од Годишниот конкурс за 2018 година

Министерството за култура ја известува јавноста дека останува посветено на реализација сеопфатна Годишна програма, која овозможува правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Со поддршката за културни проекти кои градат едно општество за сите,  како и со децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, овозможуваме култура за сите граѓани подеднакво...

Повеќе...

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia

rss соопштенија