Нова музејска поставка во Музејот на албанската азбука во Битола

Muzej_na_Al_-_Az-320Новата музејска поставка содржи 56 фотографии и над 230 документи во дигитална и во хартиена форма

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Музејот на албанската азбука во Битола, на одбележувањето на 104-тата годишнина од раѓањето на писмото на албанскиот народ, во присуство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, државниот секретар во Министерството за култура Музафер Бислими, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и други гости, се обрати на промоцијата на новата музејска поставка во оваа национална установа. Во своето обраќање, Канческа-Милевска истакна дека денеска промовираме еден навистина значаен проект кој е одраз на заедништвото на народите кои живеат и се развиваат на оваа почва и кои заеднички се движат кон единствената европска и просперитетна иднина.

-Денеска во ентериерно реконструираниот Музеј на албанската азбука во Битола им оддаваме почит на сите творци кои придонесле за градењето на големата културна вертикала на народите на овие простори, но ја промовираме и новата музејска поставка  која преку своите содржини, преку многубројните документи и фотографии ги афирмира преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ - истакна Канческа-Милевска.

Bit_muz1-400Новата музејска поставка содржи 56 фотографии и над 230 документи во дигитална и во хартиена форма и ни овозможува увид во првиот пишан запис на албански јазик од Пол Енџели од 1462 година, преводот на албански јазик на Евангелието, првата печатена книга на албански јазик „Мешари“ од 1555 г, повеќе варијанти на албанската азбука кои се користени сè до усвојувањето на современата албанска азбука, Записникот на комисијата за создавање на албанската азбука и одлуката за создавање модерна азбука на албанскиот народ. Во рамките на музејската поставка се изложени фотографии на албанските дејци кои придонесле за создавањето на албанската азбука, како Пол Енџели, Пјетер Богдани и папата Клемент 11-ти Албани, фотографии од семејствата Фрашери и Киријази, како и фотографии од сите делегати-учесници на Битолскиот конгрес за создавање на албанската азбука.

-Уверена сум дека оваа музејска поставка и во иднина ќе се надградува и ќе ја афирмира културата на албанскиот народ како инструмент за изразување на неговите творечки потенцијали - додаде министерката за култура.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia