Видео промоција на успешни проекти од програмата “Култура 2007 – 2013“ на Европската Унија

Во рамки на настанот на 24 септември со почеток во 11.00 до 13.00 часот, Културно контактната точка при Министерството за култура (Сектор за евроинтеграции) ќе одржи Информативна сесија за програмата “Култура 2007 – 2013 “на Европската Унија

Во рамки на Off програмата на МОТ на 24 и 25 септември 2012 година ќе се одржи Видео промоција на 20 проекти поддржани од програмата “Култура 2007 -2013“ на Европската Унија. Видеата претставуваат делови од реализацијата на проектите  (во најголем дел од областа на сценско – изведувачките уметности), меѓу кои премиерно ќе биде прикажан документарниот филм за проектот Не/Видливи градови во продукција на АРТ МЕДИА од Скопје. Во рамки на настанот на 24 септември со почеток во 11.00 до 13.00 часот, Културно контактната точка при Министерството за култура (Сектор за евроинтеграции) ќе одржи Информативна сесија за програмата “Култура 2007 – 2013 “на Европската Унија.
Видео промоцијата во организација на Министерството за култура и Културно контактната точка на Република Македонија, а во соработка со Младинскиот Културен Центар во Скопје и Младиот отворен театар (МОТ) има за цел да обезбеди видливост на успешните проекти на програмата “Култура 2007- 2013”  и поразличен пристап до публиката. Импактот врз публиката и нејзината интерактивност во рамки на реализацијата на проектите од областа на културата поддржани од Европската Унија е еден од приоритетите на новата програма на Европската Унија, “Креативна Европа” (2014-2020) наменета за културниот и аудиовизуелниот секотор во Европа. Културно контактните точки (од 37 – те земји) на различни начини редовно ги промовираат на успешните проекти поддржани од програмата “Култура 2007- 2013”  во матичните земји и пошироко.
Проекти: Унапредување на танцот во скокови и граници / Advanicng dance in leaps and bounds, Градина на Европа/ Jardin d’Europe, БелБроБру/BelBoBru -Урбана парада лабараторија / An urban parade laboratory, Размени ги радикалните моменти / Фестивал на уметност во живо/ Exchange radical moments! Life Art festival, RESEO -   Европска мрежа за опера и едукација во областа на танцот, Mladi Levi Festival – Бункер ( Словенија), Карневалот крал на Европа / Carnival King of Europe (I и II), Патувања: Инвестирање во новата генерација / DEPARTS: Investing in the new generation, Културна разноликост во акција / Cultural Diversity in Action – Banlieues d’Europe, Местата ги поврзуваат можностите – Транзициони приказни / Places links opportunities -Transitional stories, Книги од градот / City books, Не/Видливи градови / InVisible cities, Куклена Номад Академија II / Puppet Nomad Academy II (PNA II), Хип Хоп Циркус / Circus of Hip Hop, Скопје џез фестивал / Skopje Jazz Festival, Помирување / Reconciliation – RE>CON project, Внесување на нови територии/Beyond Front@ Bringing New Territories, ТрансАс – Транснационална ко-продукција во акција / TransAc Transnational Co-production in Action, ChoreoRoamEurope, Least Common Multiple (LCM)
За промоцијата се обезбедени видео материјали од архивите официјално достапни на веб страни на проектите, архивите на македонските организациите вклучени во проектите, а во соработка со Културно контактната точка на Република Словенија и организациите: Бункер (Љубљана) и Флота (Мурска Собота) обезбедени се видео материјали од архивите на овие две организации. Текстовите кои се користени за оваа намена се превземни од официјалните документи на Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна дејност при Европската Комисија и Европската Комисија ( ГД за образование и култура) и од веб страните на самите проекти.
Оваа  промоција е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината и концептот на оваа промоција е единствена одговорност на Министерството за култура на Република Македонија и Културно контактната точка на Република Македонија и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia