Отворен 47. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Vojd_Cern_zam_1_320Во Домот на културата во Прилеп синоќа беше отворен 47. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Уметничкиот директор на фестивалот Петар Темелковски и посака на публиката „немирни и возбудливи“ фестивалски денови, а на официјалното отворање се обрати и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој нагласи дека ова издание, на големо задоволство на публиката, ќе ни презентира 13 претстави во официјална конкуренција и ќе ни даде вистинска можност да ја погледнеме најквалитетната продукција на театрите низ Македонија за годинава.

- Овој реномиран фестивал ја продолжува традицијата да се живее, да се дише со театарот. Овие речиси пет децении, фестивалот несомнено прерасна во бренд на македонското театарско живеење. Токму затоа Министерството за култура традиционално му ја дава својата поддршка на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” кој заслужено освои значајно место во македонската култура и стана белег на препознатливост за нашите творци и воопшто, симбол за Република Македонија, истакна Недељковиќ.

Vojd_Cern_zam_2_400Традиционално беа врачени и наградите за животно дело на годинашните добитници сценографот Владимир Георгиевски, актерите Незакет Али и Владимир Светиев, и посмртно на актерот Кирил Ристоски. 

Актерот Владимир Светиев изјави дека наградата ја доживува како круна на творечкиот пат. - Посебно ми е мило што ја добив наградата пред прилепската публика која има висок естетски, театарски критериум која не прифаќа претстави со приземна провидност, туку знае да ги препознава вредностите, рече Светиев.

Синоќа, публиката ја виде првата од 13-те претстави во конкуренција за награди – претставата „Свадбата на Фигаро” од Бомарше во режија на Леван Цуладзе, а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia