Матеја Матевски лауреат на јубилејните 50. Струшки вечери на поезијата

matea-matevskiОдборот на СВП на 10 март годинава едногласно ја донесе одлуката академик Матеја Матевски - македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач - да биде добитник на „Златниот венец“ на 50. јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ за 2011 година.

- Во опусот на Матеја Матевски е содржан посебен поетски сензибилитет со богат израз, содржина, значење и претставува монументално созвучје на разновидности склопени во еден специфичен поетско-медитативен свет на теми, идеи и ставови што го прават модерен поет, со висока творечка и цивилизациска самосвест - образложи претседателот на Управниот одбор на манифестацијата, Славе Ѓорго Димовски.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска изрази задоволство што годинава, кога се одбележува 20-годишнината од независноста на Република Македонија, се одбележува и петдеценискиот јубилеј на најреномираната поетска манифестација во земјава, „Струшките вечери на поезијата“ и дека во плејадата  поети - добитници на престижното признание  лауреат на „Струшките вечери на поезијата“  ќе се придружи и Матеја Матевски.

-MATEJA_MATEVSKI1A_320 Матевски низ целиот свој творечки пат вложуваше и сè уште вложува несебични напори  да ги вклучи  македонските содржини во широкиот балкански, европски и светски контекст. Тој со својот грандиозен поетски опус на сите јазици и писма, континуирано го дава својот влог во заемното запознавање и почитување на културите, градењето нова димензија во пријателството меѓу народите во светот - рече Канческа-Милевска.

Претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, истакна дека Матевски е најпознатиот македонски поет во современиот свет и во светот на поезијата.
- Ова е врвно признание кое му го оддаваат Струшките вечери на поезијата, а му се доделува не само како признание на еден македонски поет туку и како светски поет - рече Старделов.


Тој потсети дека Матевски е преведен на повеќе европски и светски јазици: англиски, германски, италијански, француски...
Академик Матевски се заблагодари на наградата и рече дека е почестен што ја добива престижната награда за поезија.
- Прекрасно е ова чувство бидејќи се совпаѓа со големиот јубелеј на СВП кои ги создававме од една скромна манифестација - истакна Матевски.

Оваа награда, како што нагласи, ја заслужувале и ја заслужуваат и други македонски автори бидејќи во Република Македонија се создава прекрасна поезија, на едно високо ниво која си го пробива патот до срцата на луѓето.
Матевски е роден на 13 март 1929 година во Истанбул. Член е на МАНУ од 1979 година, а нејзин претседател од 2001 до 2004 година. Добитник е на повеќе национални награди за поезија, како: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Книжевно жезло“... За препев на поезија, тој е добитник на наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Добитник е и на повеќе меѓународни литературни награди и  автор на повеќе книги, како што се: „Дождови“, „Рамноденица“, „Перуника“, „Мртвица“ и др.MATEJA_MATEVSKI2_640
Актерот Роберт Велјановски денеска читаше стихови од поезијата на Матевски, а во холот на МАНУ беше презентиран голем дел од неговото творештво, книги од 50-тите години па до денес, значајни преводи и награди.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia