Информативен ден и работилница посветени на програмата “Култура 2007–2013” на Европската унија

За време на настанот ќе бидат претставени целите, критериумите и електронскиот формулар за аплицирање на програмата

Ве известуваме дека во организација на Одделението Културно контактна точка (ККТ) при Министерството за култура на Република Македонија во соработка со ККТ на Република Бугарија на 22 мај 2012 година со почеток во 10 часот во Н.У. НУБ Св. Климент Охридски (Центар за конференции и студии) ќе се одржи информативен ден и работилница посветени на програмата “Култура 2007–2013” на Европската унија.

Настанот има за цел да ги подготви потенцијалните корисници на програмата , културните оператори од Република Македонија за претстојните повици за аплицирање во 2012 година.

За време на настанот ќе бидат претставени целите, критериумите и електронскиот формулар за аплицирање на програмата (Дел 1.2.1 Проекти за соработка) и успешни проекти поддржани од програмата во чија реализација се вклучени македонски и бугарски културни оператори и тоа проектите: “Не/видливи градови” кој како коорганизатор го спроведува АРТ МЕДИА од Скопје, “Карневалот – крал на Европа (2 дел)” кој го спроведува Музејот на Македонија и проектот “ Размена на културите меѓу редовите” реализиран од страна на Градската библиотека во Софија.

Во рамки на втората сесија ќе се одржи работилница за подготовка на предлог проект. 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia