Национална галерија на Македонија одбележа 70 години постоење

Националната галерија на Македонија синоќа во даут-пашиниот амам со пригодна свеченост и со отворање на изложбата насловена „Почетоци за паметење” 1948-1956 од архивата на институцијата го одбележа јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”...

nacionalna_06.12.2018

На свеченоста свое обраќање имаа претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити како и директорката на НГМ,  Дита Старова Ќерими.

Nacionalna_06.12

Во своето емотивно обраќање, Старова –Ќерими рече дека Националната галерија на Македонија е еден универзален храм на репрезентативното богато творештво кое оставило трајно сведоштво за ликовната уметност на овие простори и пошироко, почнувајќи од 12 до 21 век, од средновековието преку основоположничката генерација на современото македонско сликарство, до најсовремените текови во сите ликовни дисциплини.
Во рамки на изложбата се претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956  година кои сведочат за  успешната приказна  поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.
На свеченоста благодарници за досегашната поддршка и добра соработка со оваа институција им беа доделени на премиерот Заев, на академик Фити, на амбасадори и на новинари.
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia