Централна свеченост за 70-годишнината од Националната галерија на Македонија

Вечерва (5 декември 2018), во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов  „Почетоци за паметење” 1948-1956 (изложба од архивата на Национална галерија на Македонија) која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот  „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”...

NGM


На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956  година кои сведочат за  успешната приказна  поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење. Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор,  не само од страна на тимот кој ја водел Уметничкатагалерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста идвигател на културниот живот во Македонија.

Кураторката на изложбата  Славица Алексоска, вели дека од истражувањето по документацијата најсилен впечаток ѝ оставил периодот од 1948 до 1956 година кога со галеријата раководеле еминентните македонски ликовни уметници Борко Лазески и Никола Мартиноски. Тоа е период  исполнет со професионалност, упорност и одговорност  не само кај вработените во Уметничката галерија туку и кај државните органи и институции. Во сиромашна држава со  неразвиено стопанство во која сè уште се чувствуваат последиците од војната,  импресионира високиот степен на чувство за негување на културното наследство и стимулирање и презентирање на современото ликовно творештво. Во овој  период направени се најзначајните чекори во постоењето на оваа институција, односно: „Даут - пашиниот амам“ е адаптиран  во галериски простор, формирана е богата галериска збирка и поставени се повеќе домашни и меѓународни изложби.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia