Изложба на фотографии од Љупчо Илиевски во Кавадарци

Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, денеска (5 ноември), со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии насловена „Припитомување на крикот“ на Љупчо Илиевски...

Станува збор за фотографии направени за време на одржувањето на театарскиот фестивал МОТ во Скопје. Изложбата е во рамките на Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“

Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи, кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. 

Izlozba_Kavadarci
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia