Концерт на камерното дуо Арјана Куриу-Груби и Блерим Груби во КИЦ Софија

Во просториите на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, утре (9 октомври), со почеток во 18:30 часот, концерт ќе одржи камерното дуо Арјана Куриу-Груби на пијано  и Блерим Груби на виола ...

____1

Во рамките на програмата ќе бидат изведени композиции од Рудолф Марош, ТонинХарапи, Рамадан Сокољи, Умер Скендери, Десар Суљејмани, Тиш Даија, АлбертПапаристо, Томислав Зографски, Ваљтон Беќири, Рауф Доми и Генц Тукиќи.

Арјана Куриу-Груби дипломирала во 1994 година на Приштинската музичка академија, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Постдипломски студии завршила во Скопје вокласата на проф. Тодор Светиев, а од 1994 година е редовен професор по пијано наФакултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово.

Блерим Груби, пак, дипломирал во 1989 година на Факултетот за музичка уметност приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. ЉубомирГосподинов, под чие менторство ги завршил и постдипломските студии. Помагистрирањето се вработува во Македонската филхармонија. Груби работи и како професор на Државниот универзитет во Тетово и на Приштинскиот универзитет, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“ и ансамблот „Бахус - Скопје“.

Музичките уметници, пијанистката Арјана Куриу-Груби и виолистот Блерим Груби, досега реализирале повеќе заеднички настапи во Република Македонија и во странство.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia