Промоција на албумот на музичкиот состав „ФИН проект“

Во Музејот на современата уметност во Скопје утревечер (15 септември) со почеток во 20 часот ќе биде промовиран новиот албум на музичкиот состав „ФИН проект“ насловен „Ре:визија“ (Re:vision)...

promocija_na_album_na_FIN_Project__2

Продуцент и автор на музиката и на аранжманите на сите композиции е Никола Стојковски, кој истовремено е одговорен и за програмирањето на електронските инструменти, а покрај него членови на „ФИН проект“ се и: Александар Николовски (труба), Калина Велковска (вокал), Иван Петровски (гитара) и Филип Димишковски (клавијатура). На промоцијата ќе бидат изведени две композиции од албумот, а ќе биде промовиран и видеозаписот за песната „Дај некој благослов“, која како сингл во изминативе два месеца високо котираше на топ-листите на македонските радиостаници, но и на неколку европски радиостаници.

Албумот „Ре:визија“ (Re:vision) е издаден со финансиска поддршка од Министерството за култура.


kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia