„Анимирана ликовна авантура“ - работилница за деца во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска  од 11 до 14 часот ќе се реализира  креативна ликовна работилница насловена  „Анимирана ликовна авантура“, на која ќе учествуваат деца од шест до дванаесет години ...

Detska_likovna_rabotilnica_Kumanovo

Под менторство на академски ликовни уметници, во фоајето на Центарот за култура децата преку цртање на омилените  ликови од анимираните филмови ќе се стекнат со основни знаења за изработка на цртежи.

Со цел поттикнување на креативниот дух кај децата Центарот за култура обезбеди четки, палети и други потребни материјали за работа, а на учесниците на работилницата ќе им бидат врачени и благодарници.

Изработените цртежи ќе бидат поставени во изложбениот простор на  Центарот за култура во Куманово.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia