Концерт и претстава на Охридско лето

Во црквата „Света Софија“ вечерва концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ од Казахстан, под диригентската палка на Гудјон Емилсон од  Исланд ...

Koncert

Во рамки на концертот како солисти ќе настапат дуото Марко Скиаво  и Серџо Маркеџани од Италија на пијано и Ајман Мусакјајева  од Казахстан на виолина. На програмата се дела на Едвард Григ,  Леополд Кожелуч, Камиј Сен-Санс,  Пабло де Сарасате,  Жил Масне и Франц Ваксман.

Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ е водечки ансамбл во Казахстан и еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот.

На сцената на Долни сарај пак вечерва во 21 часот ќе биде одиграна театарската  претстава „Девојчето со жиците“ во режија на  Марјан Неќак.

Oh__Leto_-_Pretstava

Станува збор за современа драмска опера за виолинистка кој патува со воз низ Европа и преку нејзиното патување се исцртува приказната за нејзиниот живот. Во претставата настапуваат  Барбара Церар, Урош Фурст и Бранко Штурбеј. Претставата е копродукциски проект на  СНГ Драма Љубљана, Словенија и Подвижен Музички Театар – Битола. 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia