Изложба на Моника Десоска Каргова во Прилеп

„ Живееме, Танцуваме, Тагуваме....“ е насловена изложбата на дела на уметничката Моника Десоска Каргова, која денеска, петок 6 јули во 20 часот  ќе биде отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ...

Izlozba_Prilep_1

Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани 20 дела од серијата „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме....“ развиени низ последните девет години од уметничкото творештво на уметничката Десоска Каргова.

Изложбата финансиски е поддржана од Министерството за култура.