ДПМ одбележа 65 години од основањето
Понеделник, 13 Февруари 2012 16:37
Министерката за култура во ДПМ присуствуваше на врачувањето на наградите за најуспешни дела објавени во 2011 година
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Душтвото на писателите на Македонија присуствуваше на врачувањето на наградите за најуспешни дела објавени во 2011 година со што писателската асоцијација одбележа 65 години од основањето.
На свечениот собир, за местото и улогата на македонската писателска асоцијација зборуваше Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ.
Покровител на одбележувањето на 65-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Наградата „Ацо Шопов” за најдобра поетска книга годинава ја доби Ристо Ѓ. Јачев, Петре Димовски ја доби наградата „Стале Попов” за најуспешна прозна книга”, Венко Андоновски се закити со наградата „Димитар Митрев” за најдобра книга критики, а наградата „Ванчо Николески” за најуспешна книга за деца ја понесе Билјана Станковска.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано во 1947 година и до сега во него членувале 420 писатели од сите генерации. Прв претседател на ДПМ беше Блаже Конески.