Доделени медали „Заслужен за култура - глорија артис“ од министерот за култура и национално наследство на Република Полска за лица и институции особено истакнати во областа на уметничкото творештво

Медалот кој го доделува министерот за култура и национално наследство на Република Полска, Богдан Здројевски се врачува на лица или институции особено истакнати во областа на уметничкото творештво, културни активности и заштита на културното и националното наследство
Покрај Чаначевиќ, одликување за исклучителен придонес кон наследството на полскиот композитор Фредерик Шопен доби и Маријан Ѓорчев, градоначалник на Општина Кисела Вода. Наградите на Чаначевиќ и на Ѓорчев им ги врачи амбасадорот на Република Полска во Македонија, Пжемислав Чиж.

