Реконструкција на галерискиот простор во МСУ

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна посета на националната установа Музеј на современата уметност, каде пред медиумите го најави отпочнувањето на процесот на реконструкција и адаптација на галерискиот простор со површина од 1500 метри квадратни, сместен во горниот дел од установата.

MSU2_640

По 20 години запуштеност и руинираност, со реконструкцијата и адаптацијата на галерискиот простор, проект кој се наоѓа во Програмата на Владата на Република Македонија, Музејот на современа уметност, трезорот на националната уметност, ќе добие дополнителен репрезентативен и современ простор кој ќе биде ставен целосно во функција на уметниците и нивните дела. Со санацијата ќе се овозможи да се изложат вредни дела кои сега поради несоодветни услови се чуваат во музејските депоа. Канческа –Милевска информираше дека зафатот ќе започне во мај и ќе заврши до крајот на годинава. Паралелно со реконструкцијата на големата галерија под стаклениот покрив на МСУ, ќе се конзервираат и делата од депоата што ќе бидат изложени во постојана поставка, која се очекува да биде конципирана и отворена во првата половина на 2013 година.

- Во депото има значајна збирка со над 5.000 дела од најразлични ликовни категории. Значајно е Република Македонија како држава да има постојана поставка на која тие дела ќе бидат изложени пред очите на јавноста, рече  Канческа-Милевска. 

MSU1_640

Директорката на МСУ Елиза Шулевска истакна дека од 1990-тите нема постојана поставка. Посочи дека галерискиот простор ќе биде оспособен за привремени изложби кои сега се поставуваат во партерниот простор под него, во салоните „Македонија“, „Скопје“ и „Пикасо“. Во нив ќе биде постојаната поставка на МСУ која, нагласи Шулевска, е лична карта на секоја музејска установа.   

- Во галерискиот простор немало интервенции, тој е  крајно девастиран и е тоа е тажно, но не грее помислата дека наскоро ќе светне во вистинска смисла на зборот и ќе стане дел од целокупниот објект, рече Шулевска. 


obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk