Министерката за култура оствари работна средба со Неговото Кралско Височество Принцот Мајкл од Кент

Mavrovo_1_320Меѓу темите на разговор беа и можностите за унапредување на културниот туризам и промоција на Република Македонија како земја со богато културно и природно наследство


Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во хотелот „Радика“ во Маврово оствари работна средба со Неговото Кралско Височество Принцот Мајкл од Кент. На средбата, на која меѓу присутните беа и амбасадорот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Кристофер Ивон, членови на британската бизнис делегација, претставници на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија, Канческа-Милевска истакна дека оваа посета е од огромно значење за бизнис секторот, но се разбира и за поголемата поддршка за унапредување на културните врски помеѓу двете земји.
Mavrovo_5_250

Меѓу темите на разговор беа и можностите за унапредување на културниот туризам и промоција на Република Македонија како земја со богато културно и природно наследство, но и поголемата промоција на македонската култура пред британската јавност. Канческа–Милевска го информираше Неговото Кралско Височество дека на културната олимпијада во Лондон, која ќе се случи како антиципација на Летните олимписки игри, македонската култура ќе биде претставена преку неколку интересни содржини.

Mavrovo_4_640

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk