365 дена во културата: Ослободување на институциите, отворени крупни реформи, значајни успеси во заштитата на јазикот, наследството, негување на различностите и меѓународната соработка

Во периодот јуни 2017 – јуни 2018, Министерството за култура спроведе голем број активности за реализирање на програмата на новата Влада на Република Македонија и на Министерството со која се овозможува правичност, диверзитет и силна поддршка за уметниците и културните работници, поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до неа за сите граѓани. Од 365 покрупни позитивни мерки издвоени од Владата на Република Македонија за овој едногодишен период, над 40 или речиси 15 % се резултат на работата на Министерството за култура и соработката со други државни органи и институции...

Во фокусот на активностите на Министерството беа повеќе приоритети, пред сè, ослободување на институциите од партиските и идеолошките стеги наметнати за време на претходната власт и отворање на институциите на културата кон граѓаните, заштита на културното наследство, консолидирање на финансиското работење и раздолжување од наталожените обврски создадени од претходната власт, ревизија на претходната работа вклучувајќи и анализа и подготвување на решенија за справување со наследството на т.н. „Проект Скопје 2014-та“, спречување на пропаѓањето на објектите на културните установи, унапредување на состојбата со македонскиот јазик, подготовка на новата стратегија за културата и почеток на реформите во повеќе области на културата,  интензивна агенда и зголемување на регионалната и меѓународната културна соработка, како и обезбедување целосна транспарентност и отвореност на Министерството кон медиумите и јавноста по долги години недостапност на информациите важни за јавниот интерес.

Во овие 365 дена, Министерството за култура ги спроведе следните покрупни позитивни мерки, со кои се унапредија состојбите во сферата на културата:

  1. Преку широк консултативен процес изготвивме Стратегија за културен развој за наредните 5 години (2018-2022) и Акциски план (2018-2022), кои беа усвоени од Владата на Република Македонија и изгласани во Собранието на Република Македонија;
  2. Подготвивме законски измени, со кои решаваме значајни проблеми и водиме системска грижа за одржливост и развој во културата и уметноста на подолг рок;
  3. Преку конкурсот за „Новиот културен бран“ успеавме да мотивираме организирање на повеќе од 100 културно - уметнички настани во земјава и да ја заживееме независната културна сцена;
  4. Ги отворивме вратите на културните установи и на Министерството за култура за соработка со граѓанскиот сектор и со независната културна сцена;
  5. Постигнавме голем успех на меѓународната културна сцена – го отворивме Центарот за културна соработка на Иницијативата „16+1“ за соработка меѓу 16 земји од Југоисточна Европа и НР Кина;
  6. Спроведовме итни интервенции во Чифте амам, Даут - пашин амам и во Музејот на Македонија за заштитата на запоставеното бесценето културно наследство од поројните дождови;
  7. Поведовме процес за заштита на струмичката фреска „Св. 15 Тивериополски маченици“, една од најстарите во нашиот регион, со години оставена на милост и немилост на временските услови;
  8. Започнавме интензивни активности за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново;
  9. Ја заштитивме галеријата на икони во Музејот на Македонија;
  10. Презедовме и акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини;
  11. Во 2018-та спроведуваме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство;
  12. Отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО;
  13. Формирана е Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, составена од 22 институции и државни органи на централно и локално ниво, која 8 години не била формирана иако законот го предвидува тоа; Комисијата веќе одржа две седници и започна со реализирање на мерките кои треба до крајот на годината да ги унапредат состојбите и придонесат за позитивно вреднување на нашите напори од Светската организација.
  14. Владата донесе одлука со пакет од 11 мерки за унапредување на македонскиот јазик;
  15. Беа подготвени и усвоени законски измени во Законот за употребата на македонскиот јазик;
  16. Беше избрана Комисијата за спроведување на испитот за лектор, како и други акции со кои се деблокираше процесот за полагање на лекторскиот испит;
  17. Издадовме електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик, бесплатна верзија, за прв пат достапна до сите;
  18. Фондот за македонски јазик ќе ги поддржи отворањето на нови и одржувањето на лекторите по македонски јазик на странските универзитети во ЕУ, особено земјите -основачи на ЕУ, како и во САД, Канада, Австралија и Руската Федерација;
  19. Овозможивме Семинарот за македонски јазик, литература и култура да прерасне во Македонистички центар „Македоникум“ преку кој ќе се стипендираат поголем број странци што би дошле да ги изучуваат македонскиот јазик, нашата литература и култура;
  20. Мерките за унапредување на состојбата со македонскиот јазик предвидуваат и основање на Фонд за поддршка на издавачката дејност на нови и повторно издавање на научните дела посветени на македонскиот јазик од сите области;
  21. Од мерките треба да произлезе и основање фонд за стипендирање на студирањето на македонски јазик на универзитетите во Република Македонија и ревизија на наставните планови и програми по македонски јазик на сите рамништа на образованието;
  22. Овозможивме подобри услови за заштита и унапредување на македонскиот јазик во јавната комуникација;
  23. Почнуваме со темелни реформи и унапредување на работничките права на уметниците и културните работници преку подготовка на колективниот договор за вработените во културата;
  24. Го реформираме системот на финансирање на Националните установи, за да добиваат резервиран буџет, врз основа на стратешки план за период од три години;
  25. Спроведени се тендерски постапки во повеќе национални установи, започнува реконструкција на покриви во повеќе театри и центри за култура низ земјава;
  26. Наодите на елаборатот на работната група на Министерството за култура за споменикот на А.Ј.Ќосето беа спроведени од надлежните органи и нелегалниот споменик е отстранет;
  27. Подготвени се повеќе елаборати за објекти и споменици од таканаречениот Проект Скопје 2014;
  28. Спроведовме јавна расправа за инцијативата за ревитализација на музичката продукција на МРТ, која беше прифатена со акламација од сите музички работници во земјата. Владата го усвои заклучокот со кој се задолжуваат надлежните министерства и институции да продолжат со спроведување на овој процес;
  29. Со навремено исплаќање на долговите за изградбата на Македонската филхармонија спречивме казнени камати од стотици илјади евра и добивме вредна донација – врвно пијано Стенвеј во вредност од 170 илјади евра од компанијата Штрабаг;
  30. Помогнавме да се надмине ситуацијата со недостаток на простор и средства и успеавме годинава без никакви попречувања да се одржи 30. јубилејно издание на Саемот на книга, со бесплатни посети за ученици и средношколци;
  31. Неколку научни и културни установи реализираа проекти за дигитализација на нашето музичко и литературно творештво;
  32. Со Град Скопје потпишано е писмо за намери за реконструкција на Универзалната сала, почнуваат подготовките на документацијата, изградбата ќе започне во 2019 година;
  33. Го промовиравме значајното палеонтолошко откритие – фосилни остатоци од изумрен вид на слон во Долни Дисан, што го привлече вниманието на повеќе значајни светски медиуми (Дејли Мејл, Чикаго Трибјун, Бизнис Инсајдер, итн...);
  34. Со Казнено поправната установа „Затвор Скопје“ потпишавме меморандум за соработка, со кој се адресираат препораките на ЦПТ на Совет на Европа и се предвидуваат активности за унапредување на културно - уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани;
  35. Македонија стана формална членка на ТРАДУКИ. На првиот состанок на мрежата на кој учествуваме како полноправна членка веќе се обезбедени средства за повеќе нови проекти на македонските издавачи;
  36. Во Давос е потпишана декларацијата за Баукултур – култура на изградба;
  37. Договорено е значајно присуство на македонските уметници идната година во Пловдив, кој ќе биде културна престолнина на Европа за 2019 година;
  38. Македонија има одличен проект на Биеналето на архитектура во Венеција, со визии за справување со наследството од Скопје 2014;
  39. Министерството за култура активно учествуваше во имплементација на политиката „Едно општество“, со што придонесовме за да се намалат поделбите и ја зголемивме довербата меѓу заедниците;
  40. Учествувавме во реализирањето на тематска владина седница посветена на младински политики на која на предлог на младинските организации беа оформени работни групи во кои ќе учествуваат активно претставници на Министерството;
  41. Ја подобривме климата за соработка и вклучување на граѓанското општество како партнер во демократизацијата на општеството;
  42. По повод одбележувањето на 109-годишнината на Албанската азбука во Битола се реализираа различни активности (свечено отворање на уметничка колонија, отворање на Научна Трибина и Гала Концерт);
  43. Владата на РМ ја одобри информацијата за формирањето на Албанскиот државен ансамбл;
  44. Деблокирана е изградбата на Тетовскиот театар и Библиотека, на Албанскиот театар и Турскиот театар;
  45. Овозможивме поправична распределба на средствата и поддршката кон сите заедници во Македонија;
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia