„Неговите арии“ меморијален концерт за Тоше во МОБ

Денеска во Македонската опера и балет се одржа прес-конференција по повод утрешниот четврти по ред меморијален концерт во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески. 

На концертот кој годинава се одржува под мотото „Неговите арии“ публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми поп-хитови, но во едно поинакво светло, во нов оркестарски аранжман и изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет, а под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар.

tose_koncert_650_2

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека утрешниот концерт ќе открие уште еден сегмент од уметничката работа на Тоше -  неговата прва љубов - класичната музика.

- „На концертот утре ќе ги слушнеме неговите песни со нови аранжмани, обработки од албумот „Божилак“ и неговите интерпретации на познати арии, со кои повторно ќе се потсетиме на моќта на неговиот вокал и на неговата харизма. Верувам дека концертот  ќе биде вистинско уживање за сите обожаватели и почитувачи на музиката на Тоше и дека ќе разбуди многу емоции“, рече Канческа-Милевска. 

Таа нагласи дека Министерството за култура ќе продолжи и во идноина да го поддржува негувањето на ликот и делото на Тоше и најави дека во април, на првата годишнина од изградбата на „Спомен куќата на Тоше Проески“ во Крушево, ќе биде промовирана и монографија за неговиот живот и дело.

tose_koncert_650

Средствата за организација на концертот  ги обезбедија Министерството за култура и Фондацијата „Тоше Проески“. Во продажба се пуштени 600 влезници, колку што е капацитетот на МОБ. Цената на билетите е 1.200 денари, а дел од приходот е наменет за опремување на Клиниката за детски болести. 

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk