Вевчанскиот карневал е бисер на македонската традиција и бренд по кој не распознаваат во светот

Со дефиле на маски, концерти и пречек на Старата Нова Година наотворено, денеска и утре во Вевчани се одржува традиционалниот Вевчански карневал. Манифестација е во чест на Свети Василиј Велики,заштитник на василичарите и на Вевчани.v 07
Kарневалот го отвори министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека на денешен ден сите добронамерници со карневалски дух се дел од единствената претстава која на сатиричен начинне потсетува на настаните и личностите што ја одбележале изминатата година.
- Вевчанскиот карневал нуди игра без протокол, без покровители и нудимигови во кои сегашноста го прегрнува времето на Перун и паганството заберикет и благосостојба. Со своите специфични особини и вредности, сосвојот континуитет и атмосфера, Вевчанскиот карневал е блескав бисер на македонската традиција и е бренд по кој не распознаваат во светот.Овој карневал го прославуваме со најинтензивни чувства за сочувување на уште еден вреден примерок од македонската ризница кој плени со својатаоригиналност, истакна Канческа - Милевска.v 06Таа нагласи дека исто како претходно, така и во иднина Министерството и државата ќе ја поддржуваат и одржуваат оваа многувековна култура и традиција.
Вевчанци вечерва по традиција точно на полноќ се собираат на Вевчанските извори каде ќе ја прослават Старата нова година Василица, а настанот ќе биде збогатен со настап на неколку естрадни уметници.
Целата манифестација завршува утре кога ќе бидат сред село запалени сите годинешни маски.

Повеќе фотографии во фото галеријата

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk