Национални пензии за уметниците

Ве информираме дека со измените на Законот за културата, почнувајќи од 1.1.2012 година се отвора можноста уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело, да имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.

За остварување на наведеното право, уметникот, односно стручниот работник од областа на заштитата на културното наследство, треба да поднесе барање до Министерството за култура кон кое се доставува и доказ за висината на пензијата и доказ дека е добитник на една од горенаведените награди.

Надоместокот ќе се исплаќа со средства од Буџетот на Република Македонија, преку Министерството за култура, сметано од денот на стекнувањето на правото на надомест па до крајот на животот.

Додатокот на пензијата е потврда на грижата за уметничките вредности на делата создавани од македонските културни творци кои овозможија нашата земја да биде дел од светската културна  ризница.

За дополнителни информации може да се обратите на Весна Илиевска, на тел. 3240-665.

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk