Ве информираме дека утре (6.1.2012 година) во 13.30 часот на плоштадот Пела свечено ќе биде промовиран објектот „ПОРТА МАКЕДОНИЈА“.
Објектот „Порта Македонија“ претставува симбол на големата историска победа - создавањето независна и суверена Република Македонија. Со приказ на македонската историја низ вековите и со својата мултифункционалност, „Портата Македонија“, ќе биде нова туристичка атракција за сите граѓани и посетители на нашата земја
