Денеска во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје свечено беше отворен првиот “Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица“
„Библиотечниот центар за слепи и слабовидни лица“, прв од ваков вид во Република Македонија ќе овозможи печатење на книги со Брајово писмо и за издавање звучни книги потребни за слепите лица и лицата со инвалидитет. Центарот се простира на 200 квадратни метри модерно адаптиран и функционален простор во НУБ „Свети климент Охридкски“.

Опремен е со машина за печатење книги со брајово писмо, просторија за подготовка на книгите за печат, комплетно опремено студио за снимање на звучни книги и читална за реализација на програма за поширока културна анимација, како и кацеларија за вработените. На овој начин создадени се услови, постојано и континуирано издавање билетристика, научна, стручна и друга литература и истата да се користи во образовни, информативни и стручни цели. Во рамките на културно-научната дејност, авторите без вид ќе имаат и можност и да ги промовираат своите дела преку литературни вечери, промоции, трибини.

Центарот свечено го отвори претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во придружба на министрите за култура и труд и социјална политика, Елизабета Канческа-Милевска и Спиро Ристевски.

