Свечено отворена петтата по ред изложба „Археологија 2011“

Arh_izl_07_320Во Музејот на Македонија, свечено беше отворена петтата по ред изложба „Археологија 2011“. На изложбата беа презентирани над 3.500 артефакти пронајдени  на 18 археолошки локации низ Македонија.

- Артефактите пред нас, кои се дел од богатиот фонд на пронајдени 19.000 примероци оваа година, уште еднаш го поткрепуваат и потврдуваат идентитетот на македонската историја. Тие се несоборлив доказ за нашето наследство, создавано низ милениумите - истакна во своето обраќање министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.

- Археолошкото богатство што го поседуваме е навистина благослов но, и обврска што се поставува пред нас, да гоArh_izl_14_320 истражиме, сочуваме и достојно презентираме нашето културно наследство. Токму затоа, заштитата на  културното наследство е активност од наш посебен интерес и е постојана грижа на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура и на Управата за заштита на културното наследство. Пред македонската и пред светската јавност во изминативе 5 години, презентиравме преку 24.500 примероци, многу материјали од злато, сребро, бронза, килибар, стакло, од праисторијата, антиката и од средниот век. Сите овие непобитни факти и аритметичката прогресија со која расте нивниот број, говорат за носечката улога на Македонија во историското созревање на Европа, но говорат и за интензивното вложување во оваа област, која е  препознатлива димензија на нашите вредности- додаде министерката Канческа-Милевска.  

Инаку, оваа година македонската почва се истражуваше преку културните слоеви од Скопската тврдина Кале, Скупи и Таор во Скопје и Скопско, Стоби кај Градско, Антигонеа, Стибера кај Прилеп, Хераклеја Линкестис кај Битола, Плаошник, Самоиловата тврдина, Енгелана – Киклопски ѕидини во Охрид и Охридско, Исар Марвинци- Некрополите кај Валандово, Вардарски рид кај Гевгелија, Цареви кули во Струмица, Виничко кале, Исарот-Штип и Баргала близу Штип, Кокино кај Куманово и Тетовско Кале-Балтепе кај Тетово.

Arh_izl_03_640

Arh_izl_15_640

Arh_izl_09_640

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk