Министерката за култура со отчет пред Советот за култура за сработеното во 2011 година

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на седница на Советот за култура, советодавно тело на министерот за култура го презентираше годишниот извештај за реализираните проекти во 2011 година. Канческа –Милевска пред членовите на Советот за култура истакна дека 2011 година на полето на културата беше навистина успешна и плодотворна година со реализирани голем број на проекти од сите дејности на културата, како и голем број на капитални инвестиции.

sovet_za_kultura1

Буџетот на Министерството за култура за 2011 година изнесуваше 3. 4 милијарди денари, од кои 714 милиони денари беа наменети за програмата и поддршката на проекти од сите дејности во културата.

Канческа-Милевска во своето обраќање им се заблагодари на членовите на Советот за култура за нивниот активен придонес во анализата на голем број на дејности од областа на културата кои беа тема на разгледување на седниците на Советот за култура а беа од голема важност во изработката на Стратегијата за култура.

Министерката за култура информираше дека оваа година беа реализирани 65 премиери, завршени се 7 долгометражни филмови, 7 кратки играни филмови и 5 документарни филмови, македонските филмови се закитија со 14 награди, беа реализирани 7 премиери во Македонска опера и балет и 90 изведби на ниво на установата, односно 31 симфониски концерт на Македонската Филхармонија со 20 премиерни дела од македонски и странски композитори. Годинава прославивме неколку значајни јубилеи, меѓу кои се и 50 години од постоењето на „Струшки вечери на поезијата“ кои годинава се одржаа под покровителство на УНЕСКО, како и Скопскиот џез фестивал кој одбележа 30 години од своето постоење. Промовиравме неколку музеи, отворивме нови театри во Скопје, Охрид, Куманово, а со помош на ИПА фондовите на Европската комисија и Гевгелија доби театар. Промовиравме неколку музејски, историски, археолошки поставки во Прилеп, Штип, успешно ја промовиравме македонската култура во светот, донесовме 4 закони, меѓу кои од особено значење се законот за национален уметник и измените во законот за култура со кој од 1.1.2012 година ќе се доделува национална пензија.

sovet_za_kultura

Во областа на издавачката дејност со буџетот поддржани 370 публикации, 51 списание, 8 проекти за електронско издаваштво и 31 проект на здруженија на граѓани.

Во рамки на преводите од странски автори, беа поддржани значајни наслови од областа на белетристиката, на филозофијата и естетиката. Исто така беа помогнати преводи на истакнатите македонски автори: Венко Андоновски, Оливера Николова, Лилјана Дирјан на странски јазици со што дополнително се афирмираше македонската литература и култура.

Во рамки на Годишната програма за издавачка дејност се реализираше и конкурс за откуп на самостојно реализирана продукција во месец мај. Со реализацијата на овој конкурс беа откупени вкупно 4.695 публикации.

Како еден од поважните проекти во издавачката дејност, Канческа-Милевска го посочи капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“, чија дистрибуција до познатите библиотеки и научно-образовни установи во светот, како и до сите дипломатско конзуларни преставништва на Република Македонија во светот е веќе започната. Министерката за култура информираше дека во тек е реализацијата на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ од кој првите дела ќе бидат промовирани во првата половина на 2012 година.

Во рамките на регулирањето на односите во областа на културата беа потпишани Договори за соработка помеѓу Министерството за култура на РМ и Министерствата за култура на Словачка, Хрватска, Народна Република Кина. За прв пат беа реализирани и билатерални средби со министрите за култура на Естонија, Шведска и Народна Република Кина кои резултураа со планови на заедничка реализација на многу проекти. Беа организирани и денови на македонската култура во Русија, Естонија и Кина.

Канческа-Милевска истакна дека 2011 година ќе се одбележи како година кога Република Македонија стана член на Извршниот одбор, највисок орган на УНЕСКО, како и членка и на Меѓународниот комитет на УНЕСКО за конвенцијата за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања. Исто така, Националната комисија во соработка со Министерството за култура во 2011 година поднесе три апликации за  номинирање за впишување во Репрезентативна листа за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО.

Во изминатиот период се реализираа голем број на археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски зафати на околу 20 археолошки локалитети како Скопската тврдина Кале, Стоби, Скупи, Тетовското, Виничкото Кале, а се изврши и заштита и конзервација на старите Еврејски гробишта кај Ново Село, Штипско.

Министерката за култура информираше дека и во 2011 година беа реализирани 276 инспекциски надзори, од кои 184 се редовни и вонредни, а 92 се контролни инспекциски надзори. Од вкупно извршените надзори, 16 се во националните установи од областа на културата и други субјекти регистрирани за вршење соодветна  дејност од областа на културата.

Во 2011 година беа промовирани Музејот на македонската борба за државност и самостојност Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, Спомен домот на Тодор Проески во Крушево, Меморијален музеј „11 Октомври” – Участакот во Прилеп, Спомен куќата на Миладиновци во Струга.

Министерката потсети дека годинава ќе ја завршиме со промоција на Библиотечниот центар за слепи и слабовидни лица, а во 2012 година ќе бидат промовирани Портата Македонија, Стариот театар и Археолошкиот музеј.

Буџетот за 2012 година на Министерството за култура е 3.4 милијарди денари и во споредба со Буџетот за 2011 година е поголем за 28 милиони денари или за 0,84%.

Министерството за култура и во наредната година ќе поддржува квалитетни проекти од национален интерес во културата од музичко сценската дејност, драмската дејност, библиотекарската дејност, заштита на културното наследство, музејската дејност, а ќе продолжи и со поинтензивна промоција на македонската култура во странство.

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk