Спектакуларен настап на „Танец“ во Белград

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на 18 декември годинава одржа спектакуларен концерт во Сава Центарот во Белград. 

Играорците, оркестарот и пејачите на Танец настапија во полн сјај со што ја кренаа на нозе повеќе илјадната публика и добија бурен аплауз. Националниот ансамбл „Танец“ пред белградската публика се претстави со: Тешкото, Драчевка, Лазаренки, Малешевка и други кореографии.11 tanec

Идејата за голем заеднички концерт каде би учествувале повеќе национални ансамбли од Балканот потекнува од 2010 година од директорите на Националниот ансамбл од Србија „Коло“ и Националниот ансамбл од Македонија „Танец“, Радојца Кузмановиќ и Зоран Џорлев.

На големиот концерт на „Танец“ во Белград беше присутен и заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и министерот за култура Предраг Марковиќ,  членови на дипломатскиот кор во Србија, како и членови на Српска православна црква и повеќе угледни стопанственици и граѓани на Србија како и членови на македонската заедница во Србија.

20 tanec
obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk