Во Штипскиот музеј отворена историска поставка

-Слободата, нацијата, традицијата и државата се градат и чуваат низ мозаикот на големите датуми и низ идентификацијата на идните генерации со најдоброто и најсветото што го создавале нивните претходници. Во оваа смисла, историската поставка која денес ја промовираме не е само илустрација на историските подвизи кои биле пресвртница во  живеењето и опстојувањето на Градот Штип, туку е и симбол на идентитетот на македонскиот народ, на неговата посебност и на неговиот легимитет со препознатливи квалитети и особености во семејството на народите, истакна пред присутните министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, синоќа во Штип, на отворањето на историската поставка во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип. Канческа-Милевска додаде дека целокопното идејно историско решение на поставката е насочено кон комплексно и неселективно презентирање на настани, процеси, личности кои станале дел од македонската историја и од колективното паметење на народот. 

tanec_320

-Сето она што  може да се види во музејските витрини за момент не навраќа во времето на првото споменување на  Астибо од античкиот хроничар Полиен во третиот век пред нашата ера,  не навраќа на Османлискиот период, Преродбата, во која штипјани дадоа значаен придонес преку отворањето на првото педагошко училиште и првото читалиште во Македонија, потоа не потсетува на Илинденското востание, Балканските војни, повоениот период, па се до создавањето на самостојна и независна Република Македонија. Документите за престојот на Гоце Делчев во Штип, активностите на првите членови на Организацијата во омасовувањето на револуционерното движење, штипските војводи и нивните чети од илинденското востание, историскиот 8 септември 1991 година, со фотографии на првиот Претседател Киро Глигоров, на првиот Премиер Никола Кљусев и на двајцата штипјани министри во првата македонска влада Јордан Мијалков и Ѓорги Наумов се дел од сведоштвата кои денес се непобитен факт за постоењето на македонските корени, потврда за автентичноста на македонската историја, додаде министерката за култура.stip_muzej_650

Директорот на Заводот и музеј Штип, Зоран Читкушев истакна дека историската поставка го дава целокупното живеење на градот од 1 до 20 век, личностите кои оставиле белег не само за градот, туку и за Македонија. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов на свеченото отворање подвлече дека Штип има со што да се гордее, а штипјани има што да им покажат на туристите, гостите, но и на странските делегации.stip_muzej_650_2

По отворањето на оваа историска поставка која претставува  надополнување на неодамна промовираната етнолошка поставка, Штипскиот завод и музеј ги претстави и одделенијата за конзервација, со што целосно ја заокружи својата дејност. 


obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk