Министерката за култура Канческа-Милевска ја отвори галеријата „Лазар Личеноски“ во рамките на Државното средно училиште за применети уметности

Licen_7_320„Годината кога  ја одбележуваме 20-годишнината од независноста на Република Македонија, а го прославуваме  и големиот јубилеј, 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски, ја заокружуваме со еден исклучително значаен настан - отворањето на галеријата на Лазар Личеноски, во рамките на државното средно училиште за применети уметности.

Отворањето на оваа галерија  е историска придобивка за сите нас  бидејќи од денеска,  на ова место, ќе бидат презентирани  креативните творби на сите генерации кои ќе ја  пишуваат историјата, ќе  ја обликуваат актуелната сегашност на ликовната и применетата уметност во Република Македонија“-истакна во обраќањето Канческа-Милевска.

Licen_3_640

Licen_3_320„Со поддршката на Министерството за култура, оваа година, националните установи од областа на ликовната дејност, Друштвото на ликовните уметници, Факултетот за ликовна уметност и средното уметничко училиште Лазар Личеноски, преку низа настани и манифестации, изложби, колонии, трибини оддадоа достојна почит кон импозантното творештво на големиот експресионистот, основоположникот на македонската модерна ликовна уметност, Лазар Личеноски. Државата благодарение на семејството на Личеноски доби  непроценливо богатство и навистина тешко може да се каже, колку е голем  нашиот долг кон животот и делото на овој великан, бард на македонската ликовна уметност. Затоа дозволете ми да забележам дека  отворањето на оваа галерија ќе биде можност да се продолжи возвишената мисија на Личеноски, многу млади автори да го развиваат својот интелект, талент и умешност во создавањето на ликовното и културно богатство и вредностите кои се нашиот личен печат за идентификација во светот“-додаде министерката за култура. 

Галеријата, во новата зграда на Државното средно училиште за применети уметности, свечено беше отворена со изложба на дела од интерниот конкурс на училиштето „Креативен пристап кон делото на Лазар Личеноски“ и дела од државниот конкурс „Боите на Македонија“.

Licen_4_640

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk