Во Даут-пашиниот амам во Скопје отворена изложба на бардот на македонското сликарство Томо Владимирски


izlozba_T_Vladimirski_4_320Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска во Даут-пашиниот амам во Скопје, ја отвори изложбата на бардот на македонското сликарство Томо Владимирски насловена како „Пејзажите на Македонија“

„Денеска ни се укажува можноста да уживаме во неговиот  лирски свет на смирени тонски и колористички односи, во неговиот складен, едноставен цртеж, кој своевремено творечки се соедини со европските модерни стилски влијанија: со оние на европскиот импресионизам, постимпресионизмот, фовизмот и експресионизмот.

izlozba_T_Vladimirski_5_640

Пред нас се 34 дела кои авторот ги создавал во  различни периоди, почнувајќи од 1937 година,  дела кои создаваат калеидоскоп од хармонични и ритмични боени површини преточени една во друга како единствена целина“-истакна во обраќањето Канческа-Милевска. „Несомнено дека творештвото на Томо Владимирски е единствено и неповторливо во ликовната уметност кај нас. Тој е еден од авторите што оствари голем опус и што остана верен на своите творечки ориентации. Секогаш отворен за нови предизвици и сознанија што ги преточуваше  низ својот  индивидуален сликарски ракопис“-додаде таа.

izlozba_T_Vladimirski_7_640
Со оваа изложба се одбележува 40-годишнината од смртта на Томо Владимирски, а во рамките на прославата 20 години независна Република Македонија.

izlozba_T_Vladimirski_9_640

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk