Изјава на Министерството за култура по прес - конференцијата на Синдикатот за култура на Република Македонија

Свесни сме за проблемот што подолг период е присутен во националните установи од областа на културата, а се однесува на донесување на систематизации и издавање на решенија на вработените во културата според прописите за јавна администрација и измените на Законот за култура од 2014 година.  Имено, со овие прописи, уметниците и стручните кадри во културата (конзерватори, кустоси, библиотекари, филмолози...) се стекнаа со статус „даватели на услуги“, од што им произлезе и сличен третман на правата и обврските како за јавните службеници. Уште тогаш ова решение наиде на револт кај вработените во културата, за што ги поддржува и СКРМ и, многу од вработените одбија да примат решенија како „даватели на услуги“.

Бидејќи Законот мора да се спроведува, а решенијата за работни места и евиденцијата на вработените во културата треба да се заврши согласно законските прописи, ние сме подготвени да изнајдеме решение што ќе биде во согласност со законските прописи и ќе го заштити дигнитетот на вработените во културата.  Предложивме да се употребува терминот „носител на дејност“ наместо „давател на услуги“,  како времено, техничко решение за издавање на решенијата и нивно евидентирање во електронскиот систем на МИОА. Понатаму, преку измените на прописите за јавна администрација и култура што следуваат, ова прашање ќе се регулира соодветно.

МИОА е подготвено да понуди стручна помош на националните установи за изработка на систематизациите, онаму каде што не се направени. Во оваа насока, МИОА предложи можно решение - да се направат измени и стручните звања да бидат евидентирани како развојна компонента на едно работно место (на пример, конзерватор – виш конзерватор – советник конзерватор). Со овие насоки, ќе се завршат обврските во установите, а МИОА ќе може да ги евидентира сите вработени во културата кои примаат плати од Буџетот на РМ и се дел од јавниот сектор. 

Проблемот за стручните звања има и фискални импликации, за што ќе треба да се обезбедат и средства преку Министерството за финансии. Откога ќе се завршат претходните активности и ќе се добијат точни податоци за вработените од националните установи, Министерството за култура ќе може да се обрати до Министерството за финансии за надминување на проблемот со стручните звања, кои вработените во културата ги стекнуваат согласно Законот за култура, но тие сега не се соодветно вреднувани во платите. МИОА предвидува измени во Законот во 2019 година, со што ова прашање ќе се реши трајно во интерес на културните работници.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia