Министерството за култура ќе создаде услови за континуитет на Саемот на книгата

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека нема да дозволи изумирање на читателската култура и ќе им помогне на издавачите и љубителите на книгата.

Саемот за книга годинава ќе се одржи во Спортскиот центар  „Борис Трајковски“, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата.

Министерството за култура во наредните денови ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за поконретните аспекти на организирање на Саемот и обезбедување на потребната поддршка.

Додека не се премости проблемот со обезбедување на саемски простор во градот, Министерството ќе продолжи да создава услови во континуитет, за оваа значајна манифестација да продолжи да се одржува, да се развива и да ги задоволува културните потреби на нашите граѓани.