Работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце на која разговараа за досегашната соработка во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Унгарија.

01avstr_1_640

На средбата министерката за култура Канческа-Милевска се заблагодари за поддршката што Унгарија ѝ ја дава на Република Македонија на полето на евроатлантските интеграции на нашата земја и истакна дека меѓу двете земји постои солидно ниво на соработка и во областа на културата. 

Канческа-Милевска и Бенце на средбата се согласија дека е потребна поголема размена на проекти и уметници кои би учествувале на фестивалите во Македонија и во Унгарија, како и поголема директна соработка меѓу институциите во двете земји. Исто така, во насока на зацврстување на културните врски, беше разгледана можноста да се иницира потпишување на правен документ со кој формално би се регулирале односите во областа на културата меѓу Македонија и Унгарија.

Министерката за култура Канческа-Милевска информираше дека во наредната, 2012 година, во Будимпешта, Унгарија, ќе бидат реализирани повеќе културни содржини, а ќе биде промовирана и едицијата „130 тома македонска книжевност“ на англиски јазик. 


obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk