Свечено отворен градскиот театар во Гевгелија

Gevg_EKM_6_320Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска се обрати на свеченото отворање на целосно реконструираниот објект на градскиот театар во Гевгелија

- Го изразувам моето големо задоволство што градот на културата за 2011 година, Гевгелија, кој доживеа голема културна и туристичка преродба, ја заокружува годината со свеченото отворање на еден значаен објект за граѓаните на овој град и за државата, целосно реконструираната зграда на Народниот театар. Денеска сме дел од свечената промоција на овој нов градски театар, на ова ново културно јадро, кое го потврдува искрениот партнерски однос меѓу локалната и централната власт, но и соработката со институциите на Европската Унија кои го поддржуваат и го интензивираат културниот развој на Република Македонија - истакна во своето обраќање министерката Канческа-Милевска.

Gevg_1_640 

На отворањето се обратија и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и првиот секретар во Делегацијата на ЕУ во Македонија Дитер Тил.

Gevg_EKM_8_640

Сцената на градскиот театар во Гевгелија ќе биде место за презентација на театарски продукции од сите театри во земјава, а прв ја имаше честа Македонскиот народен театар со изведбата на претставата „Свадбата на Фигаро“.

Gevg_3_640

Театарската зграда, која не беше во употреба од опожарувањето во 1996 година, комплетно е реконструирана со пари од Европската Унија и од општина Гевгелија.

Gevg_4_640

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk