Стратешки план на Министерството за култура 2018-2020 година

Во согласност со Методологијата за стратешко планирање и подготвување на годишната програма на Владата на Република Македонија, Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година и Упатството за начинот, содржината и формата на подготвување на стратешките планови на министерствата и другите органи на државната управа, Министерството за култура, како надлежен орган за состојбите во областа на културата, подготви Стратешки план за периодот 2018-2020 година...

Стратешкиот план ги содржи мерките и активностите за  спроведување на реформските процеси во културата и политиките во функција на остварување на стратешките  приоритети на Владата на Република Македонија за наредниот период. Овој план ги содржи мерките и активностите кои произлегуваат од Програмата за работа на Владата на РМ за периодот 2017-2020 година и од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ-НПАА.

Стратешкиот план на Министерството за култура за периодот 2018-2020 година опфаќа програми и потпрограми и за поголемиот дел од реформските процеси во областа на културата во Македонија.

Во наредниот период активностите на Министерството за култура ќе бидат насочени кон потребата за негување и зацврстување на силна и стабилна демократија, на личните права и слободи, на разновидноста и слободата на изразување, при што новото читање на културата во Македонија се засновуваа врз: еднакви културни права за сите, креирање простор за негување на разновидноста и плуралните културни идентитети и напуштање на ретроградните етнонационалистички концепти во дејствувањето во социокултурниот простор.

Како посебни цели на културниот развој во наредниот период во  стратешкиот план се утврдени: поттикнување на уметничкото творештво, промоција на индивидуалниот развој, унапредување на заемното разбирање и рамноправната вклученост на чувствителните групи во културната продукција и во социокултурниот живот, активен развој на независниот културен сектор, широка достапност на културата и рамноправно и активно учество на публиката во развојот на публиката, развој на регионалната и на меѓународната културна соработка, заштита и вреднување на културното наследство според европски концепти итн.

Министерството за култура, како државен орган надлежен за работите во културата, ги формулира базичните принципи на стратешкиот развој во наредниот период, како: еднаквост, пристап, учество и права. Овие принципи се засновуваат врз основното човеково право – правото на култура – како неприкосновено право околу коешто се поставени и принципите на идниот стратегиски развој на културата. Врз овие принципи се развиваат основите на новата културна политика: демократизацијата на културата, поддршката на креативноста, плурализмот и инклузивноста, граѓанскиот концепт во културата итн.

Стратешкиот план на Министерството за култура за 2018-2020 година може да се пронајде и сочува на следниот линк:

Стратешки план на Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2020 година