МРТ ќе ги поништи одлуките за вториот и третиот квартал од Конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција за 2017 година

Вчера, на 16 јануари 2018 година, во Министерството за култура на Република Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија, за да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција...

На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен.

Исто така, констатирано е дека Македонската радио-телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура, ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.

Претставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.

Со почит,

Министерство за култура на Република Македонија
Македонска радио телевизија