Писмо за интерес за користење простор во Старата скопска чаршија

Во функција на ревитализација на Старата скопска чаршија, а особено заради потребата од реализација на активности со кои ќе се збогати културниот живот во Чаршијата, Министерството за култура утврди дека дел од објектите што се наоѓаат во рамките на оваа споменична целина се соодветни за остварување активности од различни области на културата и уметноста, како и од независната културна сцена.

Заради идентификување на потребите на приватните субјекти од областа на културата за користење на ваков простор, ги повикуваме сите заинтересирани да достават до Министерството за култура писмо за интерес во кое ќе ги образложат своите активности, како и приближната големина на просторот каде што планираат да ги реализираат.

Во прилог кон писмото за интерес треба да се достави информација дали субјектот располага со сопствени или со алтернативни извори на средства кои би ги ставил на располагање за реализација на активностите и за евентуално реновирање (преправки) на просторот. Објектите ќе бидат користени според режимот за заштита на старото градско јадро на споменичната целина Стара скопска чаршија. 

Писмата за изразување интерес треба да бидат доставени електронски, на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна  до 12 часот на 31 декември 2011 година. 

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk