Одбележан тридеценискиот јубилеј на Мандолинскиот оркестар

Од своето основање во 1981 год до денес Мандолинскиот оркестар успешно ја толкува улогата на медијатор меѓу генерациите кои си подаваат рака разменувајќи го искуството, но и желбата да се навлезе во тајните на музиката, во убавината на уметноста. Иако членовите на оркестарот се аматери, изведбата на делата на големите мајстори на музиката секогаш звучи беспрекорно, професионално, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонската опера и балет на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј на Мандолинскиот оркестар при Младинскиот културен центар. Таа пред присутните додаде дека Мандолинскиот оркестар и неговите членови со својот ангажман, креативност и изведувачки способности  се достостојни промотори на македонското музичко творештво, а наградите на најпрестижните европски фестивали во Полска, Белгија... ГРАН ПРИ-то на „Прашките струни”,  неодамнешниот успех на најмладите и освоеното второ место на првото претставување на подмладениот состав во Хрватска оваа пролет, совршено се надоврзуваат на овациите за умешноста во презентирањето на македонската култура во светот. 

30_godini_mandolinski_650

-Меѓу вас вечерва гледам познати лица, гледам многу ентузијасти кои беа и се дел од создавањето на  историјата на Мандолинскиот оркестар. Дозволете да им го честитам јубилејот на сите членови на овој оркестар кои оставија значајна трага во унапредувањето на македонскиот музички аматеризам на повеќе од само достоинствен начин, додаде Канческа-Милевска.

Мандолинскиот Оркестар е основан во 1981 година, во рамките на музичката програма на поранешниот „Дом на млади - 25ти Мај”, денешен Младински културен центар.

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk