Осма акција „Ден на дрвото“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера, во рамките на  есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!”, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, претседателот на Советот Илија Тренчев и пратеничката Весна Пемова, посади дрвце во близина на депонијата „Мелци”. 

ministerka_den_na_drvo2

Градоначалникот Панов претходно имаше кратка средба со министерката на која ја запозна со потенцијалите на општината, како и со моментната состојба во културата и во културните институции во општината. За време на престојот во Кавадарци, Канческа-Милевска, заедно со својот домаќин, го посети градилиштето на новата соборна црква „Св. Петка“ која се гради со донации на граѓаните, кавадаречкиот бизнис-сектор, пред сѐ, „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и со помош на општината која ѝ го отстапи градежното земјиште на МПЦ. Министерката го посети и Домот на културата „Иван Мазов-Климе” каде што беше запознаена со подготовките на малата сала со капацитет од 150 седишта во која се инсталира опрема за прикажување на филмови во 3Д-технологија по пат на јавно приватно партнерство, а исто така и со работите на монтирањето на грејните тела за затоплување на големата и на малата сала.  

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk