Јавна расправа за Нацрт - правилникот за услови, критериуми и постапка за месечни надоместоци на самостојните уметници

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на 23 ноември 2017 година (четврток) со почеток во 11 часот во објектот на Министерството за култура во Скопје ќе одржи јавна расправа по текстот на нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници...

На расправата, предложените измени ќе ги образложат Гоце Божурски - координатор на дејностите од областа на културата и уметноста во Министерството, Снежана Иванова-Китанова од Одделението за драмска дејност и филм, Маја Седрак од Одделението за музичко-сценска дејност, Марија Станчевска-Ѓоргова од Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн, Весна Илиевска од Правната служба на министерството, како и Виолета Качакова од Работната група која ги подготвуваше предлозите за измена на конкурсните документации и правилници.

Станува збор за првичен неофицијален документ, односно подобрена верзија на досегашниот Правилник, со основни измени и дополнувања во насока на терминолошко редефинирање (или осовременување) на одредени дејности, подобрување на општите критериуми за секоја дејност согласно современите пракси, како и разработка на дополнителни квалитативни критериуми за оценување на творештвото на самостојниот уметник.

Согласно роковите кои ги налага Законот, по формалното усвојување, подобрената верзија од Правилникот изготвена од страна на Работната група ќе може да се користи за претстојниот конкурс за поддршка на самостојните уметници за 2018 година, кој ќе се распише и објави во Службен весник на РМ и на веб - страницата на Министерството за култура најдоцна на почетокот на месец декември оваа година.

Министерството за култура ја отвори јавната расправа по текстот на нацрт – правилникот за утврдување, со цел да се овозможи засегнатите страни да ги дадат своите предлози и сугестии за подобрување на текстот. Предлозите и сугестиите до Работната група по однос на текстот на нацрт - правилникот може да се доставуваат најдоцна до 24 ноември 2017 и преку е – пошта, на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Текстот на нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници и други детали за процесот може да се пронајдат тука:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3212-2017-11-13-12-28-48 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia